Сафронов - човекот што го портретира Путин | Свет | DW | 19.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сафронов - човекот што го портретира Путин

Никас Сафронов ги спојува уметничкиот талент и проникливоста за бизнис на начин што му овозможува да заработува милиони од сликањето портрети на моќниците. Меѓу нив е и Владимир Путин, кому и самиот му се восхитува.

Погледот од терасата на покривот на шесткатницата, која се наоѓа во историскиот центар на Москва, на адресата Брјусов 17, го одзема здивот. „Го гледате ли стаклениот покрив на мојот сосед?“, прашува Никас Сафронов. „Собјанин, градоначалникот на Москва живее таму“.

Покривот има непопречен поглед на сите четири страни. Од една страна се гледа Црвениот плоштад. Го набљудуваме главниот град на Русија потопен во златните сончеви зраци.

„Но Путин сѐ уште не те поздравува со раката?“ Се шегувам на сметка на рускиот претседател. 60-годишниот Сафронов е сериозен кога станува збор за Владимир Путин.

„Путин прави работи какви што никој претходно не би се осмелил да направи – освен Исус Христос, можеби“, вели Сафронов. „Имам голема почит за Путин“. Портретот на рускиот претседател гледа во нас со израз како да е задоволен од коментарот на уметникот. До портретот на Путин стои слика од сибирски тигар. Сафранов има статус на легенда меѓу модерните руски уметници, а многу од нив го делат неговото мислење за Путин.

„Професионалец“

На Сафронов никогаш не му е здодевно. Иако потекнува од скромна средина во малиот град Улјаноск, тој веќе одамна е најбогатиот и најпознатиот уметник во Русија. Неговото издигнување може да се припише на побарувачката за сѐ што е ново во времето на првите години по 2000-та. Сафранов ужива во својата репутација: тој е активен во социјалниот живот, посакуван гостин и омилен лик на руските медиуми. Тој се сретнал со многумина познати чичности, од Софија Лорен до Микаил Горбачев, од Џорџ В. Буш до Бил Клинтон.

„Сликам лица кои се интересни“, вели Сафронов. „Никој не сака да ги гледа губитниците. Секој сака да го сретне победникот. Путин е таков: професионалец, маж, патриот. Тој ми е интересен“.

„Победниците на новата Русија“ живеат во околината на Патријархалните езера во московскиот „златен“ кварт, на само 10 минути од Кремљ. Луѓето кои живеат во оваа област за своите резиденции плаќаат исто колку што би плаќале во Лондон или Париз – каде исто така поседуваат недвижности. Тие живеат луксузно во московскиот Прстен на градините. Не се соочуваат со непријатните миризби на метрото, нивната атмосфера ја загадуваат само ауспусите на најлуксузните автомобили Мерцедес С-класа кои тука ги има најмногу на број на метар квадратен од каде било во светот.

Russland - Putin-Gemälde von Maler Nikas Safronov

Портретот на рускиот претседател Путин

Детална инсталација

Распространета на 800 квадратни метри и со вредност од 40 милиони долари, нео-готската резиденција на Сафронов е изградена врз едноставна советска конструктивистичка зграда која била подигната во 1920 година. Истата се покажа како одлично место за да прикажување на неговата колекција од ретки предмети. „Особено внимание посветувам на автентичноста на предметите“, вели Сафранов ставајќи метален витешки шлем на главата.

Би сакал да знам за што му е потребен шлемот на Сафронов – заедно со француската маса од времето на Наполеон, римските фрески и вредните руски икони. „Затоа што тука добро стојат“, вели тој. Тој очигледно може да си ги дозволи, а вкусот веројатно нема голема улога.

Сафронов е херој на неговото време. Додека Русија беше во фаза на пресврт во 1990-те години, тој го искористи моментот и секогаш успеваше да се адаптира. Кој е неговиот стил? Тоа е мешавина од сѐ. Себеси се нарекува „визија во сон“. Повеќето од своите пари ги заработил од портретите кои ги насликал за арапските кралеви, централноазиските владетели и регионалните руски лидери – и секако, Путин. Тој очигледно го познава претседателот, но не сака да зборува за него. Вели дека не го интересира политиката, но тивко, повремено зборува за неа.

Russland - Maler Nikas Safronov mit Bildern

Сафронов и неговиот сибирски тигар

„Западот ја користи Русија за заплашување, но тоа е погрешно,“ вели Сафронов. „Русија останува важен дел од светот. Без Русија, не би ја имало Германија, Полска и Европа. Светот не може да постои без Русија исто како што светот не може да живее без пчели – иако понекогаш знаат да боцнат“.

Го прашав Сафронов за парламентарните избори, чие одржување тогаш претстоеше. „Тие се неважни“, вели тој. Претседателските избори, закажани за 2018 година се поважни. Секако, Сафронов ќе го даде својот глас и на парламентарните избори за САД и ЕУ конечно да сфатат дека Русија е непобедлива. „Нема да стане комунистичка или европска“, вели Сафронов. „Русија секогаш живеела според своите закони и работите ги правела на свој начин“.

Реклама