Саркози отфрла поврзаност меѓу соработката со Либија и медицинарите | Вести | DW | 06.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Саркози отфрла поврзаност меѓу соработката со Либија и медицинарите

*

Францускиот претседател Никола Саркози отфрли каква и да е поврзаност меѓу неодамнешното ослободување на медицинарите од Либија и испораката на оружје во таа земја. Меѓу владата во Триполи и европскиот концерн за вооружување ЕАДС се воделе преговори веќе година и половина, нагласи Саркози за време на неговиот одмор во Њу Хемпшир – САД.