Саркози и Камерон бараат правна држава во Либија | Свет | DW | 15.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Саркози и Камерон бараат правна држава во Либија

Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон при денешната (15.09) ненајавена посета на Либија му ветија на Преодниот совет полна поддршка.

default

Камерон и Саркози денеска во Триполи

Дејвид Камерон порача дека операцијата на НАТО за заштита на цивилното насление ќе продолжи се’ додека не биде пронајден поранешниот диктатор Моамер ел-Гадафи. Францускиот претседател Саркози пак, се заложи Гадафи да биде изведен пред лицето на правдата и тоа пред меѓународен суд, а Преодниот совет го повика на создавање правна држава во Либија.

Камерон и Саркози се првите шефови на држави или влади од Западните сили, кои ја посетуваат Либија по пресвртот.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска