Санкции против Русија - ќе ја затегне ли Брисел славината? | Европа | DW | 08.09.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Санкции против Русија - ќе ја затегне ли Брисел славината?

Нови санкции на ЕУ против Русија - согласност за тоа е постигната, а одлука официјално треба да се донесе денеска (8.09). Сепак, се остава и можност за повлекување на новите мерки доколку Москва исполни одредени услови.

Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој, се надева дека денеска (8.09) во Брисел земјите-членки на ЕУ ќе кажат „да“ за заострување на санкциите против Русија. Во петокот вечерта амбасадорите на земјите-членки, по долги преговори, постигнаа согласност за нови санкции, но тие ќе стапат во сила кога за тоа согласност ќе дадат сите влади на членките на Унијата. Тоа би требало да се случи најдоцна до вечерва.

Ван Ромпој за фламанската телевизија стави јасно до знаење дека ЕУ би можела да ги повлече санкциите, зависно од настаните во источна Украина: „Доколку навистина дојде до трајна деескалација и доколку почнат вистински преговори за мир, тогаш сме подготвени да ги повлечеме санкциите“, изјави Ван Ромпој.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон уште во петокот изјави дека за вистинска деескалација на ситуацијата во источна Украина е неопходно и повлекување на руските сили кои илегално дејствуваат во Украина, како и ефикасна контрола на руско-украинската граница.

Новите санкции насочени кон финансискиот пазар

Со новите санкции ЕУ има намера пред се‘ да го ограничи натамошно пристапот на руски фирми на европскиот пазар на капитал. Според она што се дознава, овојпат во визир се големите нафтени компании. Освен тоа, се проширува листата на цивилни стоки кои би можеле да послужат во воени цели, а кои не смеат веќе да се извезуваат во Русија. Исто така, ќе бидат замрзнати и банкарските сметки на политичари и олигарси кои досега не беа погодени од санкциите. Ним ќе им биде забранет и влез во ЕУ.

Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпој е убеден дека и санкциите кои досега се донесени веќе имаат ефект: „Руската економија страда силно од санкциите, таа е во рецесија пред се‘ како резултат на санкциите.“