„Само да не бил странец″ | Информации и анализи за Германија | DW | 01.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

„Само да не бил странец"

Тоа што се случи на главната железничка во Франкфурт ги шокира сите во Германија. Особено погодени се сите кои имаат странско потекло, смета Еркан Арикан.

Да, ме потресе кога во понеделникот ја прочитав најновата вест на агенциите: „Маж турнал мајка и дете пред воз". Со солзи во очи 1000 мисли ми пролетаа низ глава. Но, првата секогаш е „те молам само да не бил странец!" Како глава на едно семејство во мислите бев со роднините на мајката и на момчето. „Како човек може да е способен да стори такво нешто? Што ли го натерало?" беа другите прашања. И потоа прочитав дека како осомничен сторител е уапсен 40-годишен маж од Еритреа.

Како мигрант морам да го осудам секој криминален чин на други мигранти

Со тоа е јасно како ќе продолжи приказната: мотивот за делото се повеќе запаѓа во заден план. Наместо тоа ќе се третира етничката позадина на сторителот. Како потеклото на некој сторител да е пресудно за неговиот карактер. И повторно ќе мора да се соочувам со предрасудите и стандардните пароли „странците", „мигрантот", „сите се тие опасни", „сите се потенцијални убијци".

Повеќе:

-Грозоморното злосторство во Франкфурт мора да се расчисти

-Фотографија на денот: Шок по убиството на детето на железничката станица во Франкфурт

Павловиот рефлекс си функционира – сега ќе морам како некогашно дете на гастарбајтери и Германец со турско потекло да се правдам пред сите. Општеството не очекува од мене само да го осудам криминалниот чин на еден секој човек со странско потекло, туку речиси секој кој потекнува од Еритреа или некоја друга африканска земја веќе е под општ сомнеж. Воопшто не сакам ни да зборувам за тоа како десничарските популистите темата си ја користат за свои политички цели.

Erkan Arikan Kommentarbild App (DW/B. Scheid)

Еркан Арикан


Мојот сосед кој е по потекло од Нигерија од вчера веќе не користи ниту автобус, ниту воз. Го прашав зошто сега оди со автомобил на работа и ми рече дека во понеделникот најпрво чувствувал непријатност заради потценувачки погледи и озборување на негова сметка од страна на другите патници. Потоа некој му дофрлил расистичка навреда и така почетната непријатност одеднаш се претворила во страв. Јас тотално можем да го разберам!

Па уште и муслимани!

Кога деновиве за прв пат на радио чув за случувањата во Диселдорф можете да си ја замислите мојата реакција. „ Те молам само да не биле странци!"  Но, модераторот веднаш појасни дека „групата од 40 насилни младинци во поголем дел потекнувала од Северна Африка". Во глава повторно ми се моткаа мисли: „Па уште и муслимани!" И повторно треба да се бранам. Повторно морам да го осудам делото на 40 дечишта само заради тоа што поголемиот дел од нив имаат иста верска припадност како и јас. Сакам да појаснам и тоа веројатно нема да ми биде последен пат, дека најдлабоко го осудувам секое злодело, секој напад, воопшто секое кривично дело кое е сторено од мигранти, луѓе со исламска верска припадност, христијани, Германци или кој и да било друг. На германското општество едно нешто мора да му стане јасно зашто сум убеден дека многумина сосема го изоставуваат овој аспект, а тоа е дека ужасното дело во Франкфурт за повеќето за некое време ќе падне во заборав. Но, омразата и расистичките напади кои ги доживуваат многу луѓе со странски корени меѓу кои и јас самиот по такви дела, ќе не следат секојдневно и во иднина.

 

DW.COM

Реклама