Самит на Г-7 во Вашингтон: Меркел со „корпа″ за Трамп | Свет | DW | 30.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Самит на Г-7 во Вашингтон: Меркел со „корпа" за Трамп

Од гледна точка на Доналд Трамп, тоа би бил „извонреден сигнал за нормализација“ во корона-кризата.Претседателот на САД сака вистинска средба на Г-7 во Вашингтон. Таа веројатно ќе се одржи без присуство на канцеларката.

Германската канцеларка Ангела Меркел му откажа на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа нема да лета за Вашингтон и лично да присуствува на состанокот со членките на најголемите економии во светот доколку Трамп остане на одлуката самитот да се одржи во живо, освен ако дотогаш не се промени ситуацијата со коронавирусот, соопшти кабинетот на канцеларката.

Дводневниот самит на групата Г-7 кој е закажан за 10 јуни во Кемп Дејвид беше одложен во март и наместо тоа беше најавена видео конференција. 

Mеѓутоа, американскиот претседател пред една недела рече оти повторно размислува за одржување на состанокот во живо, сметајќи дека тоа би бил „одличен сигнал за сите“ оти работите се враќаат во нормала.

Повеќе:

-Повеќе од 100 илјади починати од Ковид-19 во САД

-Студија за лидерите: Меркел со најдобар рејтинг, Трамп со најлош

-Додека беснее пандемијата, Трамп сака да ја вакцинира Америка прва

Веднаш по оваа најава Меркел изјави дека сѐ уште не одлучила дали ќе присуствува лично или по пат на видео конференција, а денеска нејзината канцеларија за новинската агенција ДПА изјави дека сега донела одлука.

„Денеска, со оглед на вкупната ситуација со пандемијата, таа не може да се обврзе лично да учествува“, соопштија од кабинетот на Ангела Меркел.

За можно одржување на состанокот во живо на групата Г-7 во САД, вчера американскиот претседател Трамп разговараше и со британскиот премиер Борис Џонсон.
 


 

Поврзана содржина

Реклама