Самарас: Ова ќе биде последна програма за штедење
8 септември 2012Новата програма за штедење од повеќе од 11, 5 милијарди евра ќе биде последна, која Грците ќе мора да ја спроведат. Ова го вети грчкиoт премиер Андонис Самарас денеска, само неколку часа пред протестите на сидникатите против планираните кратења. „Ова ќе бидат последни кратења“, изјави Самарас во Солун, на отворањето на најголемиот саем во Грција. Доколку Грција би ја напуштила еврозоната, земјата финансиски би „умрела“.
Во меѓувреме полицијата ги зајакна своите редови во Солун. Синдикатите за денеска повикаа на масовни демонстрации против штедењето. Програмата за штедење меѓутоа е предуслов за натамошна помош за Грција.
Премиерот Самарас пред денешните протести против грчката прогама за штедење ги повика доверителите на брза исплата на следната транша за високозадолжената земја. По средбата со претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпој вчера во Атина, Самарас изјави дека исплата е итно неопходна за економско опоравување на Грција. Ван Ромпој од Грција побара, при реформите да покаже и „резултати“.