Салах Абдеслам се брани со молчење | Свет | DW | 05.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Салах Абдеслам се брани со молчење

Во Брисел почна судскиот процес против осомничениот исламист Салах Абдеслам. Човекот кој е обвинет како централна фигура во терористичката мрежа во Париз и Брисел, одбива да се изјасни пред судот.

Осомничениот исламистички топ-терорист Салах Абдеслам одби да даде изјава на почетокот на судскиот процес против него во Брисел. „Не сакам да одговарам на прашања“, рече 28-годишниот Французин. „Ќе се бранам со молчење.“

Со тоа Абдеслам ги урна надежите дека можеби ќе го прекине својот повеќемесечен молк и дека за првпат ќе даде некоја информација за терористичките напади во Париз и Брисел. За разлика од него, Суфијен Ајари, за кого постојат сомневања дека бил соучесник во нападите, даде опширни информации. Сепак, тој потенцираше дека не носи вина за нападите.

Frankreich Attentat Opfer (picture-alliance/AP Photo/J. Brinon)

Во тешките напади во Париз, во ноември 2015 година, загинаа над 130 луѓе

Според сомневањата, Абдеслам е дел од терористичка ќелија која во ноември 2015 година изврши тешки напади во Париз, а во март 2016 година изведе и напади во Брисел. Меѓутоа, сега заедно со Ајари е обвинет за престрелка со полицијата во бриселскиот кварт Форест. Таму двајцата, заедно со уште еден терорист, на 15 март 2016 година пукале врз полициски службеници кои имале намера да извршат претрес во станот каде што осомничените се криеле. Третиот осомничен, Алжирецот Мохамед Белкаид, е убиен во престрелката. Според сознанија на обвинителството, Абдеслам и Ајари побегнале. Уапсени се три денна подоцна, во бриселската населба Моленбек. Со оглед на тоа што во акцијата во Форест се повредени повеќе полицајци, обвинетите се товарат за обид за убиство.

Belgien Brüssel Anschlag Terror Maelbeek Metro Station (Getty Images/C.Court)

Во нападите врз метрото и аеродромот во Брисел во март 2016 година загинаа над 30 луѓе

Абдеслам важи за единствен преживеан од групата терористи кои на 13 ноември 2015 година извршија напади во Париз, во кои загинаа повеќе од 130 луѓе. Тој лично наводно носел појас со експлозив, но не го активирал. Наместо тоа, според сознанија на истрагата, побегнал за Белгија и се криел сѐ до рацијата во Форест.Уапсен беше на 18 март 2016 година. Четири дена подоцна членови на неговата терористичка ќелија извршија самоубиствени напади во бриселската подземна железница и на аеродромот. Притоа загинаа 32 лица. Истрагата за двата нападае сѐ уште во тек.

DW.COM

Реклама