Салафистите вршат масовни закани | Свет | DW | 09.05.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Салафистите вршат масовни закани

По неодамнешните безредија во Бон, во Германија владее шокираност од подготвеноста на насилство на салафистите. Што се крие зад ова движење, објаснува исламологот д-р Херберт Милер.

ДВ: Господине Милер, салафизмот е општ поим кој очигледно опфаќа се‘ што се чини опасно во исламистичката сцена. Што се крие конкретно зад него?

Д-р Милер (експерт за исламизам во Службата за заштита на уставот во Штутгарт): Салафистите се луѓе кои мислат дека треба да живеат како и предците-верници, т.н. салафисти. Тие по секоја цена сакаат да го следат примерот од времето на пророците и три генерации потоа.

Дали може салафизмот да се означи за зародиш на „џихадистичкиот тероризам“?

Ако се анализира Ал Каеда, може да се каже: да, салафизмот е на крајот на краиштат ‘ркулецот на она што денес го нарекуваме исламски тероризам. Но, постојат и други елементи, кои не смее да се заборават, како некои елементи кај Муслиманските браќа или кај вахабистите, официјалната форма на ислам во Саудиска Арабија. Може да се сумира-се работи за нешто постаро движење, во кое политичкиот ислам се испреплетува со милитантна тенденција.

Дали им се прави неправда на салафистите ако им се припише комплетна насилност?

Се рабира дека постојат разлики меѓу оние кои се подготвени на насилство и оние кои не се. Постојат аналитичари кои разликуваат аполитички и пуристички салафизам. Според мене, проблематично е да се каже дека вахабистите или салафистите немаат политички елементи и дека се претежно религиски движења. Салафизмот всушност цели на целокупното општество.

Колкумина во Германија моментно се припадници на салафистичкото движење и колку од нив можат да се квалификуваат како опасни?

Тешко е да се наведат конкретни бројки. Крајно, може само да се вршат проценки врз основа на бројот на учесниците на одредени собири. Сметаме дека во Германија има меѓу 3.800 и 5.000 салафисти. Колкумина од нив се џихадисти, тешко е да се каже. Досегашното искуство зборува за можна брза „кариера“ на еден човек, за брза промена од немилитантна, претежно идеолошка позиција во џихадист, како и обратно.

Дали бевте воопшто изненадени од насилните судири за време на демонстрациите на десноекстремната партија „Про НРВ“ во Солинген и во Бон?

По извесен период набљудување на овие групации не може да се зборува за изненадување. Тие континуирано ја радикализираат реториката. Очигледно, салафистите сега исто така сакаа да си ја покажат силата.

Според Вас, што може да се очекува од салафистите идните месеци? Дали ќе се повлечат или ќе дојде до уште посилна ескалација на насилство? Дали се можеби подготвени и на поголеми терористички напади?

Од искуство би рекол: оние кои се истакнуваат на сцена и се во фокусот на камерите, најчесто не се тие кои планираат или изведуваат терористички напади. Но, не смее да се превиди, салафистите на собирите неприкриено го истакнуваат борбеното црно знаме. Тоа има силен симболичен карактер. Ова црно знаме е исто така симбол на Ал Каеда. Важно е да се знае, посебно за полицијата, со кого се има работа. Освен тоа, кон исламот конвертираниот германски салафист Пјер Фогел испрати порака од Египет, цитат: ’Ако постои исламска држава, а во друга земја се навредува Пророкот, тогаш тоа е објава на војна’“.

Очигледно, оваа сцена не размислува за попуштање и неприкриено и‘ се заканува на германската држава. На интернет курзираат пораки со масивни закани до Германија, до канцеларката, до министерот за внатрешни работи и германските граѓани во странство. Овие луѓе си дозволуваат такво нешто.

Потребно ли е натамошно зголемување на степенот на безбедност во Германија?

Колку конечно да го зголемуваме? Јас сметам дека безбедносните служби се доволно и соодветно ангажирани. Последното што ни‘ е потребно е акционизам. Подобро би било да се концентрираме врз засилено набљудување на исламската сцена, за да не направиме некој пропуст.