Саемот за слатки во Келн и промоцијата на македонските фирми
30 јануари 2019Саемот за слатки ИСМ е најголем саем на оваа индустриска гранка во светот. За излагачите од Македонија - голема шанса, но и можност да се задржат работниците во земјата.
„Витаминка е многу посакуван работодавач во Македонија. Ние сме социјално одговорна компанија и знаеме дека вработените се нашето најголемо богатство. Се трудиме да ги задржиме не само во однос на примањата, туку и на други бенефити кои ги имаат во Витаминка. Тоа е единствен начин да се задржат вработените, вели директорот на секторот во „Витаминка“, Љупчо Велески.
Повеќе во видеото:
Без работници е тешко да се планира иднината. Производителите на слатки од Македонија пронаоѓаат алтернативни решенија. Еве го рецептот на „Макпрогрес“:
„Она што го правиме во Макпрогрес и во Винчини е што работиме на поголема автоматизација и продуктивност за да можеме да ги одржиме нашите цени. Но, работиме и на едукација на луѓето и на насочување на младите за да изберат струка која е поплатена, побарана на пазарот на труд, за и тие да имаат интерес да останат во Македонија и да работат во домашните компании“, вели извршниот директор Глигор Цветанов.
Посебен акцент се става на младите, зашто „светот останува на младите“.
Дино Атанасов од „Макпромет“ оценува:
„Тоа е повеќе општествен проблем, отколку што е проблем за нас како компанија. Сметам дека во 21 век мора сите повеќе да се фокусираме на кариерен развој, личен развој во општеството и компаниите кои работат во тоа општество.“