САД ја укинаа забраната за летови кон Тел Авив | Свет | DW | 24.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД ја укинаа забраната за летови кон Тел Авив

Американските водухопловни власти ја укинаа забраната за летање кон Тел Авив. Некои европски авионски компании меѓутоа и денеска ги анулираа сите летови кон аеродромот Бен Гурион.

Водухопловните власти на САД ја укинаа забраната за американските авиокомпании да летаат кон аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Ситуацијата меѓутоа и натаму внимателно ќе се надгледува и доколку биде неопходно повторно ќе бидат воведни мерки на претпазливост.

Министерот за транспорт Израел Кац реагираше дека ова е „многу важна одлука“ на американските водухопловни власти. Се преземале активности на сите нивоа за САД да ја укинат забараната за летање. „Ние појаснивме колку е безбедно небото над Израел, колку е безбеден аеродромот“, изјави Кац за изралеското радио. Тој најави дека ќе биде потребно одредено време за авиокомпаниите да ја спроведат оваа одлука.

Освен тоа Израел бил во контакт и со Европејците за и тие повторно да летаат кон земјата. Стопирањето на летовите со сигурност му нанесе штета на Израел, вели Кац. Хамас,кој владе во Појасот Газа меѓутоа не успеал во обидот Израел да добие воздушна блокада, вели министерот.

Германските конпании „Луфханза“ и „Ер Берлин“ вчера најавија дека сите за денеска (24.07) планирани летови кон Тел Авив се откажани. Од „Луфтханза груп“ соопштуваат дека немале доволно нови информации за повторно да летаат кон таа дестинација. Денеска се анулирани 20 летови од Франкфурт, Минхен, Келн, Цирих, Виена и Брисел кон Тел Авив. На погодените патници овој концерн како и „Ер Берлин“ им понудија промена на летот и враќање на трошоците.

Од другите европски копании кон Тел Авив не лета ниту „Ер Франс“, додека „Бритиш ервајс“ најави дека ќе биде задржан планот на летање и оваа компанија ќе ги реализира летовите кон Тел Авив. Одлуката останува и покрај препораката од Европската агенција за безбедност во летањето, која на сите европски авиокомпании им препорача засега да не летаат кон Тел Авив.

Израел од своја стран а на југот на земјата отвори воен аеродром за цивилното воздухопловство. Аеродромот Овда во пустината Негев ќе биде достапен за меѓународните летови, потврди портпаролка на Министерството за транспорт.

Реклама