САД: Целисходно кратење на придонесите за ОН? | Свет | DW | 26.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: Целисходно кратење на придонесите за ОН?

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, го поздрави намалувањето на американските финансиски придонеси за ОН, нарекувајќи го тоа „голем чекор во вистинска насока“.

Американските издатоци за Светската организација ќе бидат намалени за 265 милиони долари во однос на оние од последните две години, се наведува во соопштението на американската мисија во ОН.

„Неефикасноста и прекумерната потрошувачка се добро познати за ОН. Ние повеќе нема да допуштиме да се користи широкоградоста на американскиот народ без проверки“, изјави Хејли.

„Ова историско намалување на потрошувачката- покрај другите бројни мерки за поефикасни и поверодостојни Обединети нации- е голем чекор во вистинска насока. Иако сме задоволни од резултатите на преговорите за овогодинешниот буџет, можете да бидете сигурни дека ќе продолжиме да бараме начини да ја зголемиме ефикасноста на ОН, истовремено штитејќи ги нашите интереси“, додаде таа.

Објавата за намалување на амерканскиот буџет во ОН следеше неколку дена откако претседателот Доналд Трамп се закани со намалување на помош за државите членки на ОН, кои гласаа во полза поради осудата на неговата одлука да се премести американската амбасада во Ерусалим и да се признае овој свет град како главен град на Израел.

Повеќе на темата:

-Трамп - силеџија од школскиот двор

-Трамп им се закани на членките на Генералното собрание на ОН

-„Ерусалим веќе сега е, а и ќе продолжи да биде главен град на Израел“

Гласањето во Генералното Собрание на ОН на 21 декември не беше во полза на САД- осудата на американската одлука беше усвоена со 128 спрема 9 гласа, со 35 воздржани, а 21 земја не учествуваше во гласањето.

САД се најголем донатор на ОН, тие уплаќаат 22 отсто од годишниот буџет на Светската организација.

 

DW.COM

Реклама