САД: Судот ги блокира плановите на Трамп за изградба на ѕид | Свет | DW | 25.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Судот ги блокира плановите на Трамп за изградба на ѕид

Американскиот претседател се надеваше со помош на декрет да пренамени пари од воениот буџет за изградба на ѕидот кон Мексико. Федерален судија му ги помати плановите, зашто, претседателот не е над уставот.

Американскиот претседател се надеваше со помош на декрет да пренамени пари од воениот буџет за изградба на ѕидот кон Мексико. Федерален судија му ги помати плановите, зашто, претседателот не е над уставот.

Американскиот федерален судија Хејвуд Гилијам издаде привремена забрана со која на американската влада ѝ се забранува да користи пренаменети средства од буџетите на различни служби за изградба на ѕидот кон Мексико. Образложението на судијата од сојузната држава Калифорнија гласи– тие средства Когресот не ги одобрил експлицитно за градење на ѕидот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на средината на февруари прогласи вонредна состојба за да може без согласност од Конгресот да добие пари за остварување на своето изборно ветување. Постапката на владата е спротивна на принципите на поделба на власта, која е основа на уредувањето на САД, се вели во одлуката на судијата Гилијам. Тој буквално пишува: „Апсолутната контрола на Конгресот над државните давачки, дури и кога овааа контрола осуетува иницијативи на извршната власт, која нив ги смета за важни, не е никаква грешка на нашиот конституционален систем. Таа е посебност на нашиот систем, и тоа неопходна.“

USA Grenze zu Mexiko, Mauer & Stacheldraht (Imago Images/Zuma Press)

Во изминатите месеци се градеа постојано делови од планираниот ѕид кон Мексико

Одлуката се однесува на една милијарда долари од вкупно 6,7 милијарди, кои требаше да ги префрли армијата. Претставничкиот дом на САД, повеќе сојузни држави и две адвокатски здруженија поднесоа приговор против одлуката на Трамп да издејствува градење на ѕидот преку претседателски декрет.

Повеќе:

Ако Трамп ја затвори границата...

Групна тужба против вонредната состојба прогласена од Трамп

Трамп ја турка Америка во ѕид

Трамп со години инсистира на подигање ѕид на границата кон Мексико, образложувајќи го со неопходноста од „борба против илегалната миграција и шверц на дрога". Спорот околу парите за таа намена на почетокот од годинава доведе до петнеделна блокада на сојузниот буџет и делумно затворање на американски служби. Станува збор за најдолгата блокада, т.н. „шатдаун“ во  историјата на САД. Министерството за одбрана пред две недели одобри натамошни 1,5 милијарди долари за подигање нови бариери на границата. Со парите, според Пентагон, треба да биде подигната ограда од 125 километри на границата кон Мексико во Аризона и Тексас. Уште во март Министерството за одбрана одобри една милијарда долари за изградба на друг дел ограда во Тексас.

DW.COM

Реклама