САД сакаат режимот на Мадуро да „искрвари“ | Свет | DW | 29.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД сакаат режимот на Мадуро да „искрвари“

Нафтениот сектор е 'рбетот на економијата во Венецуела. Токму тој е на удар на САД, кои воведуваат санкции против државниот нафтен концерн ПДВСА. Венецуелскиот лидер Мадуро ќе пружа отпор по судски пат.

Во судирот околу Венецуела, САД посегнуваат по своето најсилно оружје: министерот за финансии Стивен Мнучин најави санкции против венецуелскиот државен нафтен концерн ПДВСА. Казнените мерки би требало да останат во сила додека не биде избрана преодна влада или демократски избрана влада, изјави Мнучин во Вашингтон.

Повеќе: САД со предупредување до режимот на Мадуро

Мадуро најави мерки против американските санкции

Нафта од Венецуела смее да се купува и натаму, но плаќањето ќе се одвива на заклучени сметки. Со ова би требало да се овозможи натамошно работење на американските рафинерии кои директно зависат од испорака на нафта од Венецуела. Фирмата ќерка на ПДВСА во САД, Ситго, според наводите на Мнучин, би требало да продолжи со својот бизнис, сѐ додека парите стигнуваат на заклучени сметки и не се влеваат во касата на социјалистичката влада на Николас Мадуро.

Венецуелскиот претседател реагираше веднаш и најави преземање судски чекори. Во изјава за државната телевизија на Венецуела Мадуро рече дека на раководството на концернот му укажал дека треба веднаш да бидат преземени чекори пред американските и меѓународните судови. Треба да се одбрани „сопственоста и богатството“ на Ситго, рече Мадуро.

Повеќе: Какви се интересите на Русија во Венецуела

Воена интервенција не се исклучува?

Во меѓувреме, американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, ја повика венецуелската армија да застане зад самопрогласениот преоден претседател Хуан Гуаидо и „да прифати мирна, демократска промена на власта, направена согласно уставот“. На прашањето дали американскиот претседател Трамп размислува за воена интервенција во Венецуела, Болтон на прес-конференција рече дека за Вашингтон се „сите опции отворени“.

USA, Washington: John Bolton mit Notizblock (picture-alliance/AP/E. Vucci)

Белешката на Болтон предизвика дискусија

Дискусија предизвика бележникот на Болтон, кој тој го имаше в рака, каде рачно имаше забелешка која може да се прочита многу јасно. Во вториот ред Болтон има напишано: „5000 војници во Колумбија“. Земјата граничи директно со Венецуела.

DW.COM

Реклама