САД, Русија и ЕУ ќе ги предводат натамошните преговори за Косово | Вести | DW | 26.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

САД, Русија и ЕУ ќе ги предводат натамошните преговори за Косово

*

Преговорите за изнаоѓање решение за идниот статус на Косово , по предлог на Германија отсега ќе бидат водени од тричлена група- посредници од Европската Унија , САД и Русија. За ова согласност постигна Контакт-групата за Косово на вчерашниот состанок во Виена. Останува меѓутоа отворено , кога ќе продолжат преговорите .

Последните напорите за усвојување резолуција во Советот за безбедност на ОН пропаднаа поради заканата на Русија дека ќе стави вето на секој документ кој предвидува независност на Косово.