САД: Расте притисокот врз Трамп | Свет | DW | 23.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Расте притисокот врз Трамп

Претседателот на САД сѐ уште лично не е погоден, но кругот од обвинувања по судските признанија на двајцата негови поранешни соработници сѐ повеќе се стеснува.

Претседателот Трамп во двата случаја реагираше сосем различно. На Твитер напиша дека му е жал за неговиот поранешен шеф на изборниот штаб Пол Манафорт. Судството зема даночен случај стар дванаесет години и изврши огромен притисок. Трамп напиша дека го почитува Манафорт како храбар човек, бидејќи го издржал притисокот. За неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен има друг став. Трамп со погрдни зборови рече дека тој измислил приказни за да направи договор со специјалното обвинителство. Ако некому му треба добар адвокат, во никој случај да не му се обраќа на Коен.

Дадените признанија можат да бидат уште поопасни за претседателот - таква закана пристигна и од адвокатот на Коен, Лени Дејвис.

„Според она што го гледам, господин Коен знае работи, кои може да бидат од интерес за специјалната истрага. Се работи за тоа дали Доналд Трамп претходно знаел дека мејловите се хакирани поради што беа обвинети 12 Руси. Мора да се види што господинот Коен смее да каже, кога ќе и ако разговара со специјалните истражители.", истакна Дејвис.

Michael Cohen (picture-alliance/AP/M. Altaffer)

Мајкл Коен

Коен се изјасни за виновен во осум случаи. Меѓу другото се работи за обвинение за недозволено финасирање на кампањи. Имено тој потплатил две жени за да не отворат во јавноста наводни афери поврзани со Трамп. Коен изјавил дека за исплатите зборувал со "еден претседателски кандидат". На сите им е јасно дека станува збор за Трамп, и покрај тоа што тој ги отфрла ваквите обвинувања.

Повеќе:

-Тешки удари за Доналд Трамп

-Лош ден за Трамп: Менафорт и Коен се виновни

-Адвокатот на Трамп потврди дека ѝ платил 130 илјади евра на порно-актерка

Процесот против Пол Манафорт беше првиот кој се темели на истрагата на специјалниот обвинител Мулер. Манафорт повеќе месеци беше шеф на изборниот штаб на Трамп. Тој мора да преземе одговорност за нешто што се случило пред да биде на таа функција. Меѓу другото се работи за даночно затајување и банкарски проневери.

Во твитовите на Трамп се препознава сочуство за Манафорт. Сенаторот Ричард Блументал од редовите на Демократската партија поради ова сака да се исклучи можноста за помилување. Тој за телевизијата Си Ен Ен изјави: „Ние сме во еден Вотергејт - момент. Двете страни мора да се договорат, мора да се заштити специјалното обвинителство и да се отстранат сите размислувања за можно помилување. Претседателот може да го помилува Пол Манафорт, но со тоа ќе му каже на светот дека е виновен. Со тоа ќе го поткопа кредибилитетот на претседателската позиција што ќе биде катастрофално."

USA - Ermittlungen zur Russland-Affäre - Paul Manafort (picture alliance/AP/P. Martinez Monsivais)

Пол Манафорт

Обвиненијата за Манафорт и признанијата на Коен го ставаат претседателот под голем притисок. Трамп и неговите поддржувачи се обидуваат тој да не се поврзува со овие процеси. На пример, тие нагласуваат дека обвиненијата против Манафорт се однесуваат на период пред тој да работи за Трамп. Освен тоа според нив, специјалниот обвинител Мулер треба да го истражува руското мешање во претседателската кампања, а досега немало никакви докази за тоа дека тимот на Трамп соработувал со Русија. На телевизијата Фокс Њуз, аналитичарот Грег Џерет изјави: „Овој случај од почеток беше истрага во потрага по кривично дело, што е недозволиво. Прво мора да имате јасно кривично дело, а тоа специјалниот обвинител го нема. Тоа не го сопре Мулер да основа партизиран тим и да го истражува Доналд Трамп."

Други пак сметаат дека специјалното обвинителство потврдило - Манафорт може да заработи осум казни. А ова е првата тужба базирана на истрагата.

DW.COM

Реклама