1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Ukraine-Konflikt | Russischer Angriff in Mariupol
Фотографија: Evgeniy Maloletka/AP/dpa/picture alliance
Конфликти

САД: Русија може да употреби хемиско или биолошко оружје

ЖА / агенции
10 март 2022

Американската влада предупреди од можност Русија да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да конструира негова наводна употреба од украинска страна.

https://p.dw.com/p/48Gb7

Со ширење лажни информации, Русија го подготвува патот за натамошно ескалирање на неоправданата  агресорска војна во Украина,  предупреди портпаролката на американскиот претседател Џо Бајден, Џен Псаки вчера преку Твитер.  Русија притоа следи јасна шема на однесување – или за самата да употреби оружје за масовно уништување, или да инсценира, односно да прикаже лажен напад од страна на Украина, сѐ со цел да конструира оправдување за продолжување на војната, напиша Псаки.

Изјавата на Псаки доаѓа по обвинувањата од  Русија,  според кои Украина наводно развивала нуклеарни и биолошки оружја. Во понеделникот руското Министерство за одбрана тврдеше дека во Украина постои мрежа од биолаборатории, кои работат по налог на американското Министерство за одбрана. Меѓународните проверки на факти ги демантираат овие тврдења.

Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нид Прајс вчера изјави дека „руските лажни информации се тотална глупост“ и САД не користат никакви лаборатории за биолошко или хемиско оружје, како и дека САД ги почитуваат меѓународните договори за биолошко и хемиско оружје во целост.

Псаки истакнува дека Русија напротив постојано наново користи хемиски оружја – на пример при напади врз политички противници на претседателот Владимир Путин, како во случајот со Алексеј Навални. Освен тоа, Русија го поддржува сирискиот властодржец Башар ел Асад, чиј режим „во повеќе наврати користеше хемиски оружја.“

Осамениот бегалец

Русија има практика на користење методи при кои на Западот му префрла нешта кои самата ги извршува. Кина пак се чини дека натамошно ја шири  руската пропаганда,  напиша Псаки.

Претходно и Обединетите нации соопштија дека немаат никакви сознанија за наводно производство на оружја за масовно уништување во Украина. Портпаролот на ОН Стефан Дужарик во Њујорк изјави дека на Светската организација на ОН за здравје не ѝ се познати „никакви активности на украинската влада кои се спротивни на нејзините преземени обврски преку меѓународните договори, вклучувајќи и хемиски и биолошки оружја.“

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Франк-Валтер Штајнмајер Северна Македонија

Штајнмајер: Не се враќајте назад од последните метри

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница