САД предупредуваат: Патувањето во Европа е опасно | Свет | DW | 17.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД предупредуваат: Патувањето во Европа е опасно

Поради можна опасност од тероризам, САД ги предупредија своите државјани на внимателност при патување во Европа во предбожиќниот и новогодишниот период.

За време на божиќните празници и Нова Година, во Европа постои зголемена опасност од терористички напади, смета американското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи и натаму е загрижено поради евентуални терористички напади“, се вели во објавеното предупредување на неговата интернет-страница, поради што од американските државјани се бара зголемена внимателност. Божиќните панаѓури или други туристички атракции, како и аеродромите, железничките станици, пазарите, трговските центри и други места каде е собрано мноштво луѓе, можно е да бидат во визирот на терористи, нивни симпатизери или на саморадикализирани елементи, смета Министерството.

Најновите напади во Франција,Русија Шведска, Велика Британија, Шпанија и Финска, за кои опширно се известуваше демонстрираат дека припадниците на т.н. Исламска држава, терористичката организација Ал Каеда и нивните сојузници и натаму се активни. Терористите располагаат со способност за вршење напади врз цивили низ цела Европа, се вели во соопштението од Вашингтон. Во него се потсетува на нападот врз Божиќниот панаѓур во Берлин на 19. декември 2016. година во кој загинаа 12, а беа ранети 70 лица, а се споменува и нападот врз истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ во последната новогодишна ноќ, со 39 жртви. Предупредувањето за опасност при патувањето во Европа има важност до 31. јануари.

 

Поврзана содржина

Реклама