САД: Нема трета доза за секого | Свет | DW | 23.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Нема трета доза за секого

Таканаречена „бустер“ доза на ковид-вакцината не му е потребна на секого, сметаат здравствените власти. Третата доза на вакцината на Бионтек/Фајзер е одобрена за постарите од 65 години и за ризичните групи.

Седиштето на американската Федерална агенција за лекови (ФДА) во Силвер Спринг

Седиштето на американската Федерална агенција за лекови (ФДА) во Силвер Спринг

Американската Агенција за лекови (ФДА) го одобри барањето за давање трета доза од вакцината на Бионтек/Фајзер против Ковид -19, таканаречена „бустер“ доза, за постарите граѓани и за помладите кои се загрозени поради својата здравствена состојба или кои поради професијата се најизложени на можна зараза.

ФДА одлуката ја објави вчера вечер, а минатата недела тоа го препорача стручниот совет на агенцијата. Тоа значи дека постарите од 65 години и помладите кои се сметаат за најизложени на ризик поради здравјето или професијата можат да се вакцинираат со уште една доза најмалку 6 месеци откако ги примиле двете дози.

Вакцината против коронавирусот Комирнати на Бионтек/Фајзер

Вакцината против коронавирусот Комирнати на Бионтек/Фајзер

Комесарката на агенцијата ФДА, Џенет Вудкок, изјави дека „бустер дозата“ ќе биде дозволена за оние групи кои се вработени во здравството, наставниците, во супермаркетите и луѓето кои работат во засолништата за бездомници и во затворите. Одлуката е донесена врз основа на здравствените докази и по препорака на стручниот совет, нагласи Вудкок. „Ќе продолжиме да ги проценуваме научните сознанија кои брзо се менуваат и ќе ја известуваме јавноста“, изјави таа.

Стручниот совет на ФДА минатиот петок оцени дека поради податоците со кои располагаат не оправдуваат вакцинирање со трета доза на општата популација над 16 години.

Претседателот на САД, Џо Бајден, веќе најави почеток на вакцинирањето со трета доза од 20 септември за сите кои се вакцинирани пред 8 месеци.