САД: Москва виновна за нападот врз хуманитарниот конвој во Сирија | Свет | DW | 21.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД: Москва виновна за нападот врз хуманитарниот конвој во Сирија

Мрачно сомнение: хуманитарниот конвој, кој на опколените Сиријци требаше да им донесе итна помош, е намерно нападнат. САД веруваат дека знаат кој стои зад нападот- благодарение на податоци за летовите во регионот.

САД и покрај демантот од Москва недвосмислено ѝ ја префрлија на Русија одговорноста за смртоносниот напад врз хуманитарниот конвој во Сирија. За еден таков напад во прашање може да бидат само двајца предизвикувачи- руската или сириската воена авијација, изјави советникот во Белата Куќа, Бен Роудс. „Во секој случај за воздушните напади во регионот за одговорна ја сметаме руската влада“, истакна Роудс.

Советникот на претседателот Обама говореше за „скандалозен акт“ и за „енормна човечка трагедија“. Неименуван претставник на американската администрација од другастрана изјави дека во моментот на нападот на конвојот, два руски бомбардери од типот СУ-24 се наоѓале во воздушниот простор над регионот.

Помошта не стигна на целта

Русија и Сирија претходно ја отфрлија одговорноста за нападот. Во бомбардирањето на конвојот, кој во прв ред транспортираше помош за луѓето во Алепо кои живеат под опсада, во понеделникот загинаа голем број цивили. 18 од вкупно 31 камион од конвојот беа целосно уништени. Во реакцијата на нападот, Обединетите нации ги прекинаа сите испораки на помош во Сирија.

Гледај видео 01:21
Now live
01:21 минути

Нападнат хуманитарен конвој во Сирија

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го осуди нападот како „подмолен“. На генералното собрание на ОН во Њујорк , Бан истакна: „Хуманитарците, кои таму доставуваа помош која спасува животи, беа херои. Оние кои ги бомбардираа беа кукавици“.

Повторно распламтени борби

Сириската армија во понеделникот го прогласи за завршено и онака кршливото примирје воспоставено пред една недела. Кратко потоа борбени авиони летаа во провинцијата Алепо и изведоа десетици напади врз позиции на бунтовниците во истоимениот град, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Министрите за надворешни работи на повеќе од 20 држави, меѓу нив и на САД и на Русија, вчера во Њујорк постигнаа согласност за интензивирање на нивните напори за продолжување на прекинот на огнот во Сирија. Во петок на нова средба во Њујорк треба да биде извлечен биланс. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека на сите учесници на вчерашната средба во Њујорк им било јасно дека веќе петгодишниот конфликт во Сирија се наоѓа на „пресвртна точка“.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама