САД и Кина повторно со предупредување до Северна Кореја | Свет | DW | 24.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

САД и Кина повторно со предупредување до Северна Кореја

По вторпат за само неколку дена претседателите на Кина и на САД во телефонски разговор ја разгледуваа ситуацијата околу Северна Кореја. Се стравува дека Пјонгјанг утре (25.4.) би можел да изврши нов атомски тест.

Кина, Јапонија и Кина со дополнителен притисок ја предупредија изолираната Северна Кореја од натамошни провокации. Кинескиот претседател Ши Џинпинг во телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп повикал на исклучителна воздржаност во решавање на проблемите со Северна Кореја.

Ши го уверил Трамп оти Кина силно се противи на севернокорејската нуклеарна програма, со која се кршат резолуциите на Советот на безбедност на ОН, но дека се надева оти „сите страни ќе бидат воздржани“ и дека ќе „избегне влошување на ситуацијата“ на Корејскиот полуостров. Администрацијата на Трам претходно предупреди дека на маса се сите опции, вклучувајќи и воен напад, за да се спречи Северна Кореја да произведе ракети со нуклеарни глави со кои може да се погоди територијата на САД.

Ши и Трамп имаа телефонски разговор утрината по кинеско време, во момент на зголемени тензии на Корејскиот полуостров и индиции дека Пјонгјанг неделава би можел да изврши шеста нуклеарна проба. Северна Кореја често важните државни датуми ги одбележува со демонстрирање на воена сила, а јужнокорејски претставници сметаат оти Пјонгјанг би можел да изведе нуклеарна или ракетна проба по повод годишнината од основањето на армијата на Северна Кореја,  која се одбележува утре (25.4.).

Nordkorea Militärparade

На воената парада пред една недела Северна Кореја го презентираше и ракетниот арсенал

Трамп го повика Ши да изврши поголем притисок на Северна Кореја, со оглед дека Кина важи за нејзин голем сојузник.

Американскиот претседател Трамп имал и получасовен телефонски разговор со јапонскиот премиер Шинзо Абе, а двајцата лидери се согласиле да ја повикаат Северна Кореа да се воздржи од провокативно делување. Инаку апелите за исклучителна воздржаност на кинескиот претседател Ши доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп испрати група воени бродови во водите кај Корејскиот полуостров како знак на предупредување, во екот на стравувањата оти Северна Кореја наскоро би можела да изврши уште една нуклеарна проба, пркосејќи на санкциите од ОН.

Бесна поради потегот на Трамп, пркосната Северна Кореа соопшти дека испраќањето на американскиот носач на авиони УСС Карл Винсон е „исклучително опасен чин од оние кои планираат нуклеарна војна за да извршат инвазија врз Северна Кореја“.

 

DW.COM

Реклама