САД и Канада се договорија за новото издание на НАФТА
1 октомври 2018САД, Канада и Мексико постигнаа договор за слободна трговија во Америка, се наведува во заедничкото соопштение на САД и Канада. Договорот САД-Канада-Мексико (УСМКА), кој е постигнат во неделата вечер, ќе го замени договорот од 1994 година.
„УСМКА на наште работници, земјоделци, одгледувачи и претприемачи ќе им пружи квалитетен трговски договор кој ќе обезбеди слободни пазари, поправедна трговија и солиден економски раст во нашиот регион“, се наведува во соопштението.
Договорот е постигнат само 90 минути пред истекот на рокот кој го наметнаа САД на Канада да се придружи кон договорот кој претходно го постигнаа Мексико и Вашингтон.
Повеќе на темата:
-Согласност за нов трговски договор меѓу САД и Мексико
-Трамп - спасител на слободната трговија?
-Трамп и Трудо - сложни соседи
Договорот им овозможува на американските фармери поголем пристап до канадскиот пазар на млеко, но и го задржува процесот на решавање на споровите кои САД сакаат да ги отфрлат и ѝ нуди заштита на Канада ако Трамп продолжи со плановите за наметнување на царини за автомобили, камиони и автомобилски делови увезени во САД.
„Ова е добар ден за Канада“, изјави кусо канадскиот премиер Џастин Трудо.
Мексиканскиот преговарач Хесус Сеаде на Твитер напиша дека Мексико е задоволно од трилатералниот договор.