САД-Иран: Никој не сака војна | Свет | DW | 25.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД-Иран: Никој не сака војна

Ситуацијата меѓу САД и Иран продолжува да се вжештува. Договор нема на повидок. И покрај тоа, експертите се согласни: двете страни сакаат да избегнат воена ескалација.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека новите воведени санкции на САД кон Иран веднаш стапуваат на сила. Новите, како што ги нарече претседателот, „строги“ регулативи се насочени кон највисокиот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи – нему и на неговото опкружување му се спречува пристап до витални финансиски ресурси.

Новите санкции се уште еден знак дека тонот меѓу САД и Иран се заострува. Откако Трамп во четвртокот во последен момент го откажа воздушниот напад врз Иран како знак на одмазда против соборувањето на американските беспилотни летала, тој и неговите советници ставија јасно до знаење дека овојпат САД се воздржани. Но тоа не значи дека Иран не треба да стравува.

„Ниту Иран ниту други непријателски настроени актери не треба смиреноста на САД погрешно да ја протолкуваат како слабост,“" вели Џон Болтон, советникот за национална безбедност на Трамп. Исто така и Претседателот во понеделникот кажа: „Ние покажавме голема воздржаност, но тоа не значи дека така ќе продолжиме и во иднина."

Санкции наместо воен напад - но со колкав успех?

Воздушниот напад е откажан, наместо тоа се воведуваат нови санкции. Ова може да укаже на тоа дека Трамп би сакал конфликтот со Иран да го реши дипломатски. Иран пак собори „само едно“ американско беспилотно летало, иако според ирански воени извори можеле да го погодат и придружниот авион. „Јасно е дека ниту една страна не сака војна“, вели за ДВ, Алекс Ватанка, од американскиот Институт за Блискиот Исток.

US-Sicherheitsberater Bolton in Jerusalem (picture-alliance/dpa/Bildfunk/AP Pool/T. Abayov)

Советникот за безбедност Џон Болтон не знае за воздржаност

Истовремено, Ватанка предупредува дека само еден погрешен потег може да го запали фитилот помеѓу САД и Иран и да се случи експлозија. „Многу е важно да се биде свесен дека во една ваква тензична ситуација, со многу вклучени актери, лесно може да се направи погрешен чекор“, вели експертот за безбедност кој е роден во Техеран. И потоа може да се случи најлошото.

Трамп јасно стави до знаење откако го напушти атомскиот договор, дека по секоја цена сака да спречи Иран да добие атомско оружје. Тој сака Иранците да ги врати на преговарачка маса, за, како што вели, да се добие подобар договор, кој ќе го обврзе Техеран на подолго време, отколку договорот од 2015 година. Но, американскиот претседател со сѐ построгите санкции постигна само раководството во Иран да стане потврдоглаво.

„Во минатото санкциите функционираа бидејќи беа мултилатерални и имаа дипломатска основа“, вели Кејли Томас, аналитичарка во Американскиот центар за безбедност. „Во тоа време комуникациските канали за Иран беа отворени, што не е случај сега."

Повеќе:

САД планираат светска коалиција против Иран

Војна и мир а ла Трамп

Трамп како дипломатски „добар полицаец“

Каков е планот со санкциите против Иран кои за време на мандатот на Трамп не покажаа ама баш никаков резултат?

Ватанка смета дека американската влада ги полага своите надежи во иранското население, кое сѐ повеќе страда заради економските казнени мерки. „Најдобриот исход кој може да си го замисли владата на Трамп е дека луѓето во Иран толку ќе побеснат заради лошите услови за живот, што ќе бараат промена на режимот", вели Ватанка. „Но, јас сметам дека не е веројатно да се случи тоа."

USA Washington Donald Trump unterschreibt Executive Order zu Iran (picture-alliance/AP Photo/A. Brandon)

трамп може да ја тера политиката на добар и лош полицаец, вели Ватанка

Со оглед на тоа дека во Иран не претстои непосредна промена на режимот, американскиот претседател мора да се обиде и со други средства да го натера Иран на преговори. Во споредба со неговиот советник за безбедност, хардлајнерот Џон Болтон, или секретарот за надворешни работи Мајк Помпео, Трамп би можел, на пример, да настапи како посензибилниот партнер за разговри.

„Може да ја тера политиката на добар и лош полицаец“, вели Ватанка. „Доволно е да ги посочи Болтон или Помпео и да каже 'Си мислите дека јас сум лош? Погледнете ги овие двајца!'“

Експертот за Блиски Исток, Томас, вели дека Болтон би бил подготвен за воен конфликт, но сепак последниот збор го има претседателот Трамп. „Мора да му покаже на Иран дека владата во целина е заинтересирана за изнаоѓање дипломатско решение." Инаку Иран нема да може толку брзо да се врати на преговарачка маса.

DW.COM

Реклама