САД сакаат да ја завршат воената мисија во Ирак | Свет | DW | 27.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД сакаат да ја завршат воената мисија во Ирак

Американскиот претседател Џо Бајден сака да отвори нова страница во односите со Ирак. САД се со намера да се фокусираат сосема на обука и советување на ирачките безбедносни сили.

USA Präsident Biden trifft sich mit dem irakischen Premierminister im Oval Office

Американскиот претседател Бајден и ирачкиот премиер Ал Кадеми во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден најави официјално завршување на американскиот воен ангажман во Ирак и тоа до крајот на оваа година. По приемот на ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадеми во Белата Куќа, Бајден рече: „Нашата соработка против тероризмот ќе продолжи и во оваа нова фаза.“ Според американскиот претседател, САД и натаму ќе му даваат поддршка на Багдад во борбата против џихадистичката милиција „Исламска држава“. Бајден не наведе точна бројка за идниот број на американски војници во Ирак. Во моментов во таа земја има уште 2500 припадници на американската армија.

Повеќе:

Зошто е Ирак толку важен за Американците

САД: Повлекувањето од Авганистан и Ирак е неодговорен потег

Од минатата година, американскиот ангажман во прва линија се состои во обука и советување на ирачките безбедносни сили. Во мандатот на Доналд Трамп од Ирак се повлече голем дел од американските трупи. Затоа, експертите не сметаат со некакви длабоки практични промени.

Irak Ausbildung Soldaten durch US Militär

Американскиот ангажман во прва линија се состои во обука и советување на ирачките безбедносни сили (фото: обука на ирачки војници од страна на американски инструктори во Киркук, северно од Багдад)

САД во Ирак предводат меѓународна коалиција која во регионот се бори против „Исламска држава“. Ангажманот на американските војници во земјата е спорен. Пред сѐ ирачките партии и милиции кои имаат блиски врски со Иран бараат итно повлекување на американската војска. На три месеци пред планираните парламентарни избори, премиерот Ал-Кадеми е под притисок, пред сѐ од страна на проиранските милиции, чие влијание во земјата се зголемува. Од почетокот на годината проиранските милиции извршија над 50 ракетни и напади со дронови врз американските бази во Ирак. Освен тоа, има и натаму активни ќелии на „Исламска држава“.

Ал-Кадеми во Белата куќа рече дека „Америка му помага на Ирак“ и дека односите на двете земји денес се „посилни од кога било досега“. Тој укажа на „партнерството во сферата на економијата, здравството, образованието и културата“.

USA I Joe Biden und Mustafa al-Kadhimi

Ал-Кадеми по средбата со Бајден изјави дека Америка му помага на Ирак

Бајден вети американска помош и за зајакнување на енергетската мрежа и снабдување во Ирак, како и во борбата против климатските промени и пандемијата на коронавирусот.