САД, ЕУ и пироманите во БиХ | Информации и анализи за Балкан | DW | 03.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

САД, ЕУ и пироманите во БиХ

Српските и хрватските екстремисти настојуваат да ја растурат босанската држава. ЕУ и САД вршат отстапки, повторувајќи ги на тој начин грешките од 1990-те години.

Расположението тоа сончево утро е тмурно. Пред амбасадата на САД во Сараево е собрана група демонстранти. Тие бараат крај на токсичниот национализам во земјата и интервенција на американскиот претседател против моќните политички кланови кои постојано разгоруваат конфликти меѓу трите главни групи население – Бошњаци, Хрвати и Срби. Некои демонстранти носат плакати. „Сакаме исти права за сите", мора да зајакне позицијата на граѓаните, конечно да се стави крај на моќта на националистите, вели револтирана пензионерка.

Кратко пред тоа, на крајот на септември, српскиот претставник во тричленото босанско претседателелство, Милорад Додик, формулираше борбена најава: дека  Република Српска,  српски доминираниот дел од Федерацијата Босна и Херцеговина, сака да ја напушти заедничката  мултиетничка држава.  Република Српска сукцесивно треба да се одвои од заедницата и сама да организира важни надлежности, како одбрана и судство. Оваа најава е напад врз кревкиот мир, кој владее во земјата од 1995 година.

Додик со години привлекува внимание со својата политика на отцепување. Но, дека овојпат станува збор за повеќе отколку обичното мавтање со сабја, демонстрираат единиците на жандармеријата на Република Српска во планините со големата вежба полна со симболика – од блиското гратче Пале, во меѓувреме како воен злосторник осудениот поранешен предводник на босанските Срби, Радован Караџиќ, меѓу 1992-95 ги оркестрираше нападите врз Сараево и околината. Тригодишната опсада и перманентното гранатирање на босанскиот главен град, Трибуналот за злосторства во поранешна Југославија го осуди како злосторство против човештвото.

Bosnien Milorad Dodik

Милорад Додик води опасни игри

Кај многумина Босанци се будат лоши спомени. „Ќе има ли војна?“ – сѐ почесто им се поставува ова прашање на странците. Посебно постарите жители се сеќаваат на воените подготовки и како меѓународната заедница долго го оставаше народот во Босна на цедило, Западот реагираше дури по геноцидот врз преку 8.000 муслимански мажи од страна на босанските Срби во близина на Сребреница во јули 1995 година, посредувајќи за мировен  договор во Дејтон  со кој заврши војната.  

Можно прогласување независност

Најновите најави на Додик целат врз елминирање на државните структури: веќе е формирана сопствена агенција за здравство, треба да следи сопствена армија. Се планира да се анулираат преку 120 декрети на Високиот претставник на меѓународната заедница, донесени од ОН по војната заради унапредување на изградбата на заеднички државни структури, што е фронтален напад врз територијалниот интегритет на БиХ. Додик, предупредува мултиетничката опозициска партија Наша странка, мора да биде означен за „безбедносен ризик“.

Тоа што без оглед на бризантните испади,  ЕУ не покажува намера да интервенира, многумина во Босна го гледаат како доказ за евидентно непостоење стратегија. Група европарламентарци, меѓу кои и германскиот пратеник од Зелените Рајнер Битикофер, изричито побара од Европската комисија тврд одговор против сецесонистите. Конзервативниот европратеник Михаел Галер предупреди од евентуално прогласување независност на Република Српска, потоа легитимирано од Москва. Предупредувачки гласови стигнуваат и од САД. Реномираниот балкански експерт Даниел Сервер инсистира на брзо интервенирање на меѓународната заедница, па и покажување на воена сила, заради спречување на сецесија и од неа резултирачки конфликти. 

Ултранационалистите работат рака под рака

Недвојбено е дека опасните активности на политичкото раководство во Репубика Српска имаат поддршка од Србија и од Русија. Москва настојува да спречи можна интеграција на Босна во ЕУ и нејзино членство во НАТО. Но, не се само лидерите на босанските Срби тие кои ја минираат заедничката држава. Хрватските ултранационалисти од ХДЗ-БиХ со години под водство на нивниот водач Драган Човиќ работат рака под рака со Додик. За трајно да ги осигура своите позиции на моќ, популистички настроената ХДЗ-БиХ инсистира на промена на Изборниот законик, заради создавање етнички чисти избирачки тела. 

Гледај видео 07:46

Дејтонскиот мировен договор, младите и „идентитетите со етикети“

Тоа е спротивно на одлуките на Европскиот суд за човекови права, констатира австрискиот експерт за уставно право, Јозеф Марко, но донесените пресуди на Судот и во поглед на дискриминацијата на не-бошњачките, не-хрватските и не-српските граѓани во земјата, односно припадниците на малцинства како Евреи и Роми, со години чекаат на реализација. 

Дискредитирани преговарачи

Иако одлуките на Европскиот суд од Стразбур недвосмислено би значеле јакнење на европските стандарди, меѓународната заедница очигледно не е спремна да стави крај на дивеењето на етничките духови. Специјалниот претставник на САД Метју Палмер, како и претставничката на ЕУ, Анџелина Ајнхорст, кои минатата недела беа на разговори со лидерите на националистите во Босна, многумина ги сметаат за млаки, зашто претпочитаат компромисни решенија. Посебно за дискредитиран во регионот се смета Палмер, зашто агираше за  размена на територии  меѓу Србија и Косово, со цел создавање етнички чисти области.

Актуелната ситуација се усвитува и преку перманентно вмешување од соседите Хрватска и Србија. Двете држави не се неутрални играчи, за време на некогашните претседатели на Хрватска и Србија, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ, во 1991 година била договорена поделбата на Босна, следеа безбројни  воени злосторства заради постигнување на големохрватските и големосрпските цели.

Ќе интервенира ли Високиот претставник?

Приврзениците на демократски реформи своите надежи ги насочуваат кон новиот Висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, Германецот  Кристијан Шмит.  Граѓански сојуз деновиве побара ригорозна акција: тој треба или да работи, или да си замине.

Bosnien und Herzegowina | Christian Schmidt - Rede im Parlament

Што ќе преземе Кристијан Шмит?

Дали Шмит ќе биде спремен, како последно неговиот претходник, Валентин Инцко, да ги користи своите надлежности според кои може да ги отстрани од функција опасно дејствувачките политичари, не е сигурно. Неодамна  Шмит  навести дека сака да се воздржи од примена на специјалните овластувања.

Но, доколку ни САД, ниту ЕУ или Високиот претставник не покажат подготвеност за акција против сецесионистичките стремежи во Босна, на меѓународната заедница ѝ се заканува опасноста да ги повтори грешките од раните 1990-те години. Уште тогаш ја потцени радикалноста на актерите. „Ова е како некое дежа-ву. Се чини како светот ништо да не научил од војните", се жали босанската публицистка Штефица Галиќ.