САД: Доведено во прашање владеењето на правото | Северна Македонија | DW | 12.04.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

САД: Доведено во прашање владеењето на правото

Одлуката на Иванов го доведува во прашање владеењето на правото во земјата, соопшти амбасадата на САД во Скопје.

„Изјавата на македонскиот претседател покренува сериозна загриженост околу заложбата на Македонија за владеење на правото“, соопшти американската амбасада во Скопје по најавата на Ѓорге Иванов дека донел одлука за прекин на сите кривични постапки што се водат против политичари во земјата.

Од амбасадата на САД очекуваат повеќе детали и појаснување на одлуката на Иванов.

Се очекува во текот на попладнето со реакција да се јави и Европската Унија.

Претходно, и ЕУ и САД изразуваа поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство, чие натамошно функционирање е загрозено по одлуката на Иванов.

Во март годинава, во директна порака до Иванов, Брисел соопшти дека евентуалната аболиција на политичари ќе биде во спротивност со заедничката одлука на Собранието и политичките партии да го формираат Специјалното јавно обвинителство