САД: Вакцината на Бионтек/Фајзер и за деца над пет години | Свет | DW | 27.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Вакцината на Бионтек/Фајзер и за деца над пет години

Во САД најверојатно од почетокот на ноември против коронавирус ќе бидат вакцинирани и деца од пет до единаесет години.

Независен тим советници од Американската агенција за лекови (ФДА) смета дека користа од вакцината недвосмислено преовладува над евентуалните ризици, експертите предупредуваат дека коронавирусот е опасен и за  децата.

„Помалите деца воопшто не се поштедени од Ковид-19“, истакна научникот Питер Маркс од ФДА.

Во оваа старосна група во САД се регистрирани 1,9 милиони инфекции со коронавирус, а во болница биле задржани на лекување 8300 деца, од кои една третина завршиле на интензивна нега, а смртен исход имало во околу 100 случаи.

Одлуката на Советодавната комисија не е обврзувачка, но ФДА по правило ги следи нејзините укажувања, конечната одлука се очекува во текот на неделава. За таа да биде применувана, формално дозвола мора да даде и Центарот за контрола и превенција на болести, ЦДЦ. 

Американскиот концерн Фајзер и неговиот германски партнер Бионтек на почетокот на октомври поднесоа барање за издавање дозвола за употреба на нивната вакцина против коронавирус за  деца,  која се дава во помала доза отколку кај возрасните. За децата над 12 години веќе постои одобрение за користење.

Клиничка студија, според наводите на Бионтек/Фајзер, покажува дека вакцината кај децата од пет до единаесет години била добро поднесена и предизвикува силен имунолошки одговор еден месец по втората доза. Во студијата учествувале 2268 деца.

Гледај видео 01:46

#dw_BalkanBooster: Дали си вакциниран/а?

За деца под дванаесет години во повеќето европски земји досега не е одобрена корона вакцина, одлука на Европската агенција за лекови ЕМА се очекува најрано во средината на ноември.

СТИКО, Постојаната комисија за вакцини во Германија сѐуште има сомнежи околу издавањето препорака за вакцинирање против коронавирус на деца од пет до единаесет години. Нејзиниот претседател Томас Мартенс истакнува дека проблемот е ист како и при препораката за вакцинирање на  младинците од 12 до 17 години.

Децата  се многу помалку оптоварени од болеста САРС-КоВ-2, затоа е исклучително важно добро одмерување на очекуваните позитивни ефекти во однос на евентуалните несакани дејства предизвикани од вакцината“. Мартенс потенцира дека појдовната ситуација во САД не е споредлива со онаа во Германија.

„Децата таму очигледно почесто имаат тежок тек на заболување од Ковид-19. Можно е тоа да се должи на тамошниот здравствен систем и високиот удел на деца со ризични фактори, како метаболиски синдром или диабетес“, вели Мартенс.

 

Поврзана содржина