САД: Бајден повторно ја спушти рампата за влез на патници која ја крена Трамп | Свет | DW | 25.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

САД: Бајден повторно ја спушти рампата за влез на патници која ја крена Трамп

Новиот американски претседател Џо Бајден го анулираше укинувањето на забраната за влез во земјата поради пандемијата на коронавирус, потпишано од неговиот претходник Доналд Трамп.

Во САД останува во сила од март воведената забрана за влез во земјата на патници од голем дел од Европската унија и Велика Британија, соопшти претставик на Белата куќа. Исто така продолжува и забраната за влез на луѓе во САД од Бразил, мерка воведена во мај ланската година. Новиот американски претседател Џо Бајден планира спуштање на влезната рампа и за патниците од Јужна Африка, со исклучок на американските граѓани кои се враќаат оттаму.

Одлуката на Бајден не е изненадување. Откако неговиот претходник на функцијата, Доналд Трамп минатата недела како еден од своите последни потези во својот мандат потпиша декрет за укинување на забраната за влез на патници од ЕУ и Велика Британија, Бајден веќе се изјасни против таквиот чекор. Декретот на Трамп требаше да почне да важи од утре.

Повеќе:

Бајден: „Сега мора да дејствуваме!“

Фотографија на денот: Во редица за тест за Ковид-19

На Трамп му се смачило од „Фаучи и сите тие идиоти“

Трамп спушти рампа за патниците од Европа

Значи, границите на САД остануваат и натаму затворени за патниците од споменатите земји. Причина се новите, уште позаразни мутации на коронавирусот, првпат регистрирани во Велика Британија и во Јужна Африка, а во меѓувреме потврдени и во одделни држави од ЕУ, меѓу кои и во Германија.

Новиот сој на коронавирусот со ознака Б.1.1.7, идентификуван од британските научници, веќе се има појавено во 20 американски сојузни држави, додека мутацијата од Јужна Африка досега не е пронајдена во САД.

Новите воведени забрани за влез во САД се дел од цела серија рестрикции за ограничување на ширењето на пандемијата на коронавирус која ја воведува Бајден, а која предвидува и задолжителен карантин за оние кои ќе допатуваат во земјата од странство.