Савески: „Правдата ќе победи“ | Северна Македонија | DW | 10.06.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Савески: „Правдата ќе победи“

По 45 дена, денеска им беше укинат домашниот притвор на двајца демонстранти, членови на партијата „Левица“, кои се товарат за учество во толпа и демолирање на канцеларијата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Основниот суд Скопје 1 денеска им го укина куќниот притвор на членовите на партија Левица, Здравко Савески (насловна фотографија) и Владимир Куновски, и им одреди мерки за претпазливост, односно нареди да им бидат одземени патните исправи и да се јавуваат во одреден рок во судот.

Одлуката е донесена на барање на одбраната, но и со согласност на јавната обвинителка, која исто така смета дека притворот е беспредметен.

Савески при излегување од зградата на Основен суд Скопје 1 извика: „Правдата ќе победи!“.

Одбраната го оспори вештачењето што го изврши државното правобранителство, а судењето го одложи за 6 јули.

Пред зградата на Основниот суд Скопје 1 денеска беа собрани граѓани и припадници на партијата Левица во знак на поддршка за Савески и Куновски. Тие сметаат дека нивните сопартијци 45 денанедозволиво и незаконски се држеле во притвор .

Инаку Савески, како што пренесува порталот Либертас на својот Фејсбук профил, порача дека одлуката за укинување на куќниот притвор сѐ уште не е правосилна и оти очекува дека ќе може да го напушти домот во понеделник или вторник по цели 47 дена.

Тој изразува разочараност што не може да дојде на протестите на „Шарена револуција“ кои, по кратката пауза, денеска повторно ќе се одржат во Скопје со почеток во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

DW.COM

Реклама