Рускоска: Зошто не ја прифатија гаранцијата на Јанева? | Северна Македонија | DW | 20.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Рускоска: Зошто не ја прифатија гаранцијата на Јанева?

Ова е срам! Каква порака испраќаме со ваква одлука, реагира Рускоска по судската одлука Јанева да биде во домашен притвор.

Апелацискиот суд не ја прифати гаранцијата што ја понуди Јанева, а  ја пушта во домашен притвор.  Ова е срам. Каква порака испраќаме со ваква одлука? Да не заборавиме, ова е многу специфичен случај, и е под мониторинг на меѓународната јавност, изјави за Дојче веле шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска. 

Обвинителката која секогаш говори смирено и воздржано, за првпат покажа геолема нервоза и револт кон една судска одлука.

„Прашувам зошто не ја прифатија гаранцијата? Јас сум повеќе приврзаник на обезбедена гаранција, отколку на домашен притвор“, вели Рускоска, додавајќи дека „едвај чека да го добие решението, за да види со какво образложение е одреден домашен притвор за Јанева“.

„Нема во ЕУ со вакви судиии", потенцира таа.

Околу информациите за наводно влошената здравствена состојба на Јанева,  Рускоска кусо коментира: „Ако имала здравствени проблеми, зошто не си поднела оставка уште додека била на функција?“ Во однос на здравствената состојба на Бојан Јовановски, која неговиот адвокат на прес-конференција ја опиша како многу драматична, Рускоска вели дека „според лекарското мислење што го добиле - неговата здравствена состојба е во ред“.

Нервоза и во Апелацискиот суд

Но, каква е „здравствената остојба“ во судството? Пуштањето на Јанева во домашен притвор и најавата на Рускоска дека ќе побара финансиска истрага за судиите што донеле таква одлука, го разбранува и Апелацискиот суд. Според неофицијални информации тие денес на колегиум ќе разговараат за изјавите на обвинителката Рускоска, а не е исклучено и да реагираат за наводна смс-порака од нејзина страна со заканувачка содржина. 

Катица Јанева од синоќа е во домашен притвор  со определени и мерки за претпазливост - забрана да комуницира со лицата опфатени во случајот „Рекет“. Пасошот и` е одземен, не не смее да ја напушти земјата ни со лична карта, и има забрана за добивање нова патна исправа. Судскиот процес за предметот „Рекет“ ќе започне на 3-ти декември. Мерката домашен притвор Јанева ќе ја издржува во станот на нејзиниот син Лазар Јанев, стан кој заедно со друг имот претходно беше понуден како гаранција за нејзино излегување од притвор, но судот ја одби таа гаранција.

Nord-Mazedonien (DW/P. Stojanovski )

Домашен притвор за Катица Јанева

Според анкетниот лист на Јанева, нејзините две деца имаат по еден стан во Скопје, едниот во вредност од 100 илјади евра, а другиот од 60 илјади евра. Од личен имот Јанева има куќа во Гевгелија од 370 метри квадратни која, според адвокатката, е дадена под хипотека за кредит. Јанева има и плац и земјоделско земјиште во гевгелиско, заштеда од околу 100 илјади евра, но и неколку кредити.

По одбивањето на гаранцијата, одговорноста за новата мерка е на Судот, во време кога се множат сомнежите - дали Јанева може да „исчезне"? 

Против нејзиниот син Лазар Јанев, пред неколку дена кривична пријава поднесе оштетениот во  случајот „Рекет“,  бизнисменот Јордан Камчев. Со пријавата се опфатени и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и обвинителката Лиле Стефанова која ја води истрагата „Империја“ во која еден од осомничените е Камчев. Според пријавата, тие се товарат за создавање група која имала за цел да се здобие со имотна корист и да го оштети Камчев.

ВМРО-ДПМНЕ: Ова не е правна држава!

И додека се вжештува атмосферата меѓу Обвинителството и Апелацискиот суд, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат во договорено сценарио. 

„Да ја најдеа торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и` ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба, бидејќи не ја ни бараа. Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна. Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Рускоска обвинителството, од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот ’Рекет’. Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се` било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата потсетува дека додека едни биле во притвор, Катица Јанева си била на плажа и ги „губела" телефоните.

„Повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата ’Рекет’, само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев. Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април“, порачуваат од партијата.

 

DW.COM

Реклама