Русија ја добила нацрт резолуцијата за Косово | Вести | DW | 12.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија ја добила нацрт резолуцијата за Косово

*

Руското министерство за надворешни соопшти дека ја добило нацрт резолуцијата за Косово, но ќе им бидат потребни неколку дена за да го проучат текстот. Според медиумите новиот текст предвидува 120 дена за преговори, кои ако пропадната нема да водат во автоматска независност на покраината. Српскиот министер за надворешни Вук Јеремиќ изјави дека Србија се залага за суштински преговори кои нема да бидат лимитирани. Косовскиот премиер Агим Чеку пак побара од ЕУ да се одреди краен рок кога ќе се донесе нова резолуција за независно Косово. Тој по средбата со евродипломатот Хавиер Солана, вчера изјави дека во спротивно Косово еднострано ќе прогласи независност.