Русија испраќа 300.000 војници на маневри | Свет | DW | 28.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Русија испраќа 300.000 војници на маневри

Воените вежби „Исток 2018“, кои ќе се одржат во средината на септември, ќе бидат најголеми воени маневри во последните речиси 40 години.

Русија планира на наредните големи маневри наречени „Исток 2018“ да ангажира околу 300.000 војници. Тоа ќе биде најголема воена вежба по онаа од времето на Советскиот сојуз во 1981 година, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во сибирскиот град Абакан.

Oд 11 до 15 септември воени вежби ќе има на речиси сите армиски локации во Сибир и на Далечниот Исток.

Ќе се користат околу 1000 воени авиони и хеликоптери, а тоа покрај тоа во маневрите ќе учествуваат пацифичката и северната морнаричка флота на Русија. „И сите воздушно-десантни единици ќе бидат вклучени во вежбите“, додаде Шојгу.

Повеќе:

-НАТО е нервозен поради Русија

-Русија повторно покажува „мускули“

-НАТО внимателно ќе ги следи руските маневри „Запад 17“

Во некои фази на маневрите, исто така, ќе учествуваат и војници од Кина и и од Монголија. Претседателот Владимир Путин во тој период беше учествува Економскиот Форум за Далечниот Исток во Владивосток и таму ќе оствари средба со кинескиот колега Ши Џинпинг, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Меѓутоа, не е планирана заедничка посета на воената вежба.

Минатата година Русија одржа големи летни маневар на нејзината западна граница се одржа. Во балтичките држави, во Полска, како и во НАТО, се појавија стравувања, бидејќи во вежбите беа вклучени многу повеќе војници отколку што официјално беа пријавени.

DW.COM

Реклама