Русите и Кинезите го блокираат примирјето за Алепо | Свет | DW | 06.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русите и Кинезите го блокираат примирјето за Алепо

Советот за безбедност на ОН не постигна согласност за резолуцијата за Сирија. Поради отпорот на Русија и Кина, пропадна предлогот со кој се бара прекин на огнот во Алепо.

Русија и Кина со своето вето го спречија донесувањето на резолуцијата која предвидуваше седумдневен прекин на огнот. Во тој период, како што се предлагаше, луѓето во источниот дел на Алепо, кој е под опсада на трупите на Асад, би требало да добијат хуманитарна помош.

„Катастрофа за сирискиот народ“, изјави претставникот на Нов Зеланд во Советот за безбедност по седницата во Њујорк.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, пак објаснуваше дека прекинот на огнот би бил искористен од страна на бунтовниците за ново прегрупирање и за зајакнување на нивните позиции. Тоа само би го зголемило страдањето на луѓето во Алепо, тврдеше Чуркин, образлагајќи го ставот на Русија. 

Предлог резолуцијата беше поднесена од страна на Шпанија, Нов Зеланд и Египет, а поддршка дадоа и вето-силите САД, Франција и Велика Британија.

Syrien Aleppo Trümmer Kinder Ruinen (Reuters/A. Ismail)

Со предлог-резолуцијата се бараше седумдневен прекин на огнот за да стигне хуманитарна помош до населението

Русија и Кина уште од почетокот на сирискиот конфликт блокираат резолуции на Советот за безбедност за невоено решение на судирот. Трупите на властодржецот Башар ал-Асад, кои имаат поддршка од воздух од руските сили, од ноември досега освоија големи делови на бунтовничкото упориште Алепо.

 

DW.COM

Реклама