Рудолф Б. е ослободен | Теми на денот | DW | 11.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рудолф Б. е ослободен

Завршено е најдолгото заложништво на еден странски државјанин во Авганистан – по цели 12 недели, германскиот инженер Рудолф Блехшмит се враќа дома.

default

Рудолф Блехшмит

Пред да се врати дома, германскиот инженер кој беше киднапиран во Авганистан пред три месеци, сака прво добро да се наспие. Така барем рекол во телефонскиот разговор со неговото семејство. Откако бил ослободен во провинцијата Вардак, Блехшмит бил однесен прво во германската амбасада во Кабул каде бил подложен на лекарски преглед. Од кругови блиски на безбедносните служби се дознава дека инженерот е во изненадувачки добра состојба.

Според авганистански наводи, грабнувачите го ослбоодиле Блехшмит откако властите во Кабул ослободиле четворица уапсени Авганистанци. Четворицата биле уапсени на 27 септември за да се зголеми притисокот врз киднаперите. Станува збор за таткото и тројца соработници на Мула Несамудин, кој се смета за одговорен за грабнувањето на германскиот инженер. Покрај Рудолф Блехшмит, ослободени биле и петтемина киднапирани Авганистанци кои биле во придружба на инженерот. Веста за ослободувањето на Блехшмит ја соопшти министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер: ”По тримесечни интензивни напори на кризниот штаб во Берлин, можам да ви соопштам радосна вест во случајот со грабнатиот германски државјанин во Авганистан. Господин Блехшмит е ослободен и оваа вест ја примивме пред неколку минути со големо олеснување. ”

Германската канцеларка, Ангела Меркел, му се заблагодари на кризниот штаб под ракводство на министерот Штајнмаер и на авганистанската влада за нивната успешна работа.

Грабнувачите, според информации на агенцијата ДПА, се локална талибанска група криминалци, која има само лабави врски со радикалните експремисти и која не стои под командна капа на Талибанците.