Рочен во Скопје | Вести | DW | 30.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рочен во Скопје

*

Идниот статус на Косово, ситуацијата во регионот и евроатлантските интеграции се темите на кои денеска во Скопје ќе разговараат министрите за надворешни работи на Македонија и Црна Гора, Антонио Милошовски и Милан Рочен. Двајцата министри треба да потпишат протокол за сооработка. Според најавите Рочен ќе биде примен од претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и претседателот на собранието, Љубиша Георгиевски.