Рохани - победник на претседателските избори | Свет | DW | 20.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рохани - победник на претседателските избори

Актуелниот претседател, 68-годишниот умерен реформатор Хасан Рохани е победник на претседателските избори во Иран, соопшти државната телевизија.

„Рохани победи, резултатите се тука“, соопшти владин претставник за новинската агенција Ројтерс. Прагматичниот политичар остварил недостижна предност пред својот најсериозен конкурент, ултраконзервативецот Ебрахим Раиси. Шефот на изборниот штаб на Рохани, Хамид Абутелеби преку Твитер пренесе дека претседателот освоил 57 проценти од гласовите.

Според Министерството за внатрешни работи во Техеран, на претседателските избори во Иран, одржани вчера (19 мај) учествувале преку 40 милиони гласачи, што претставува излезност од 70 проценти.

Многумина граѓани овие избори ги сметаа за судбоносни за својата земја. Избирачите се определија за 68-годишниот актуелен шеф на државата, кој ветува натамошно отворање на земјата, поголема либерализација и заживување на економијата, закочена поради меѓународните санкции. Рохани во текот на својот прв мандат го постигна   Атомскиот договор на Иран со светските сили, за што за возврат е договорено укинување на најголемиот дел од санкциите. Раиси, напротив, важи за близок човек на Врховниот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, а ја има и поддршката на државните медиуми.  Раиси ја обвини владата за неправилности во текот на гласањето.

 

DW.COM

Реклама