Роналдо и данокот: фудбалската ѕвезда пред напуштање на Мадрид? | Панорама | DW | 16.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Роналдо и данокот: фудбалската ѕвезда пред напуштање на Мадрид?

Во недела европскиот првак Португалија на Купот на конфедерации игра против Мексико. Но за тоа не зборува речиси никој. Во фокусот и натаму е суперѕвездата Кристијано Роналдо и новите детали од неговата даночна афера.

Португалскиот весник „А Бола“ предизвика вистинска бура откако објави дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид и Шпанија поради обвиненијата против него за затајување на данок. Претходно неделава беше објавено дека шпанското обвинителство покренало истражен процес против Португалецот поради сомневања за затајување на данок во висина од 14,7 милиони евра во периодот од 2011до 2014 година, а му се закануваат од две до седум години затворска казна. 

Гледај видео 00:40

Ќе си замине ли Роналдо од Реал Мадрид?

И на Купот на конфедерации, кој започнува утре во Русија, и натаму сѐ се врти околу даночната афера на најпознатиот фудбалер во светот- а не околу првиот натпревар на европскиот првак Португалија на турнирот против Мексико, кој треба да се одигра в недела на 18 јуни во Казан.

Роналдо пред летот за Москва со португалската репрезентација на новинарите на весникот Депортес Суатра им изјави дека „неговата совест“ е чиста, а зад својата најголема ѕвезда застана и клубот Реал Мадрид, кој во соопштение нагласи дека е уверен дека Роналдо е невин.

Португалецот наводно веќе ги известил челниците на Реал за намерата да го напушти клубот и државата. Веќе се шпекулира за идната дестинација на Роналдо. Тој фантастичната кариера имено би можел да ја продолжи во Пари Сен Жермен или во Манчестер Јунајтед.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама