Ромите на маргините на општеството | Европа | DW | 08.04.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ромите на маргините на општеството

Серија прилози на Дојче веле посветени на положбата и проблемите на Ромите.

Ромите се народ кој живее расфрлен главно низ Европа и Азија, без сопствена држава. Во светот живеат вкупно околу 12 милиони Роми. Најчесто тие се наоѓаат на маргините на општествата, со изразито висока стапка на невработеност и низок степен на образование. Во 1995 година Советот на Европа го прифати користењето на терминот „Роми“ во своите официјални документи. Во Европа постојат повеќе иницијативи и напори за подобрување на положбата на ромското население. Ромите во Македонија се уставно признати како конститутивен народ, имаат политички партии, медиуми на ромски јазик, а Шуто Оризари е единствен пример во Европа каде Ромите се мнозинство во општината.

Дојче веле редовно се навраќа на положбата и проблемите на Ромите, регистрирајќи ги појавите, жигосувајќи ги негативните трендови и истакнувајќи ги позитивните примери.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема