Романци заразени со коронавирус масовно ги напуштаат болниците | Свет | DW | 09.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Романци заразени со коронавирус масовно ги напуштаат болниците

Стотици пациенти заразени со коронавирус во Романија самостојно ги напуштија болниците откако судот ја укина владината одлука за задолжителна хоспитализација во земјата. Половина милион граѓани излегоа од изолација

Вкупно 624 пациенти кои имале позитивен тест на коронавирус побарале да ја напуштат болницата и сега го зголемуваат ризикот од трансмисија на болеста во заедницата, изјави романскиот министер за здравство Нелу Татару. Дополнително повеќе од половината од 50,000 луѓе кои се наоѓале во задолжителна самоизолација по враќањето од странство ги напуштиле своите домови спротивно на советите на лекарите.

Денеска во Романија беа регистрирани 614 новозаразени од коронавирус, најголемото дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на заразени во 20-милионската држава е над 30 илјади луѓе, од кои починале 1,843.

Минатата недела Уставниот суд пресуди дека хоспитализацијата и наметнувањето карантин врз граѓаните кои се без или со лесни симптоми на Ковид-19 ги прекршуваат нивните основни права и не можат да се налагаат со владина уредба.

Во обид да ги ублажи последиците од судската одлука, владата подготвува нов сет правила во кои појасно ќе биде наложено кој треба да биде хоспитализиран или да остане во домашна изолација.

Владата предупредува дека поради новото ширење на заразата на земјата и се закануваат нови дополнителни ограничувања.

DW.COM

Реклама