Ријад се жали на „хистерија“ во случајот Кашоги | Свет | DW | 27.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ријад се жали на „хистерија“ во случајот Кашоги

Еден убиен човек, чие тело го нема и извештаи за монструозно убиство- доволно причини за ужасеност во меѓународната јавност? Првиот дипломат на Саудиска Арабија поинаку гледа на тоа.

Министерот за надворешни работи на  Абдел ал Џубеир денеска изјави дека глобалните осуди и медиумската насоченост кон убиството на саудискиот новинар на почетокот на месецот станаа „хистеричини“ и ја повика јавноста да ги почека резултатите пред да ја препише вината на саудиското лидерство.

Џамал Кашоги, колумнист во Вашингтон пост крички настроен кон саудскиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е убиен од саудиски агенти во конзулатот на земјата во Истамбул на 2 октомври.

„Ова прашање стана многу хистерично. Мислам дека луѓето ја препишаа вината на Саудиска Арабија со таква сигурност пред да биде завршена истрагата“, изјави министерот Абдел ал Џубеир.

Повеќе:

-Турција: Убиство како средство за притисок

-Забрана за влез во САД за осомничените во случајот Кашоги

-Саудиска Арабија, западните вредности и парите

Некои од луѓето вмешани во убиството на Кашоги се блиски до принцот Мохамед бин Салман. Неговата осуда за убиството како „гнасно“ и „болно“ досега не ги намали сомнежите дека операциите на толку високо ниво не можат да бидат спроведени без негово знаење.

Шефот на саудиската дипломатија настојуваше да одговори на прашањата на западните новинари на конференцијата во Бахерин на која присуствуваше и американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.

„Јасно рековме дека ќе имаме целосна и транспарентна истрага чии резултати ќе бидат објавени. Многу јасно рековме оти одговорните мораат да одговараат за тоа“, изјави тој.

Тој, исто така, рече дека земјата воспоставила механизам да се осигура оти такво нешто нема да се повтори.

„Се обидуваме да откриеме што се случило. Знаеме дека е направена грешка, знаеме оти луѓето ги преминале своите овластување и ние ги истражуваме.“

 

DW.COM

Реклама