Ритче со поглед на војна | Свет | DW | 24.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ритче со поглед на војна

На периферијата на Појасот Газа се собираат новинари и љубопитници и ги набљудуваат воените случувања. Има изблици на воодушевување од бомбашките напади, а малку сочувство со луѓето во Газа.

Од едно ритче на периферијата на Појасот Газа може да се гледа Беит Ханун, североисточниот град на тесниот Појас Газа и зад него висококатниците на Беит Лахиа. На спарниот летен ден оваа област е замаглена од жешкиот воздух. Сепак, може да се видат израелските тенкови, кои на влезот во Беит Ханун влегуваат во куќите и ги уриваат. Може да се слушнат тапите удари на артилеријата и се разбира, звукот на беспилотните летала високо на небото над Газа.

На ритчето е сместен телевизиски тим. Новинар на израелската телевизија „и24“ известува на француски јазик што се случува на ова место. Повеќемина вооружени Палестинци стигнале преку тунел, веројатно за за извршат напад во Израел или да земат заложници. Но, тие биле запрени од армијата и убиени, јавува новинарот.

Чофи, млад човек од Хадера, северно од Тел Авив, бил жив сведок на сето тоа: „Чаурите долетуваа дотука. Го слушав звукот на куршумите и на гранатите и се фрлив на земја“.

Тој има жена и две деца, вели Израелецот. Претходната вечер возел во правец на Газа и преноќил овде на ритчето за да ја види израелската воена офанзива со свои очи. Тој сака да ја покаже својата солидарност со населението на израелските населби околу Појасот Газа, објаснува Чофи.

„Опа“, извикува тој одеднаш.

„Тие истрелуваат ракети, тоа се Град-ракети“.

И навистина, од Појасот Газа летаат ракети кон небото и зад себе оставаат трага од бел чад. Кратко потоа двата пристанишни градови Ашкелон и Ашдод јавуваат дека се под ракетна стрелба.

Israelische Panzer bei Beit Hanoun im Gazastreifen 22.07.2014

Израелски тенкови кај Беит Ханун

Молитва за своите луѓе

Меир и Шмуел доаѓаат од Ашдод. Зошто се овде, на ритчето на периферијата на Појасот Газа? Шмуел одговара спремно.

„Сакав да ја покажам својата радост што ја напаѓаат Газа, зашто оттаму не ракетираа речиси осум години. Се радувам што сега ги убиваат, не цивилите, туку терористите“.

Во Европа, вели Шмуел, се‘ разбираат погрешно.

„Нашата армија е многу морална. Таа фрла летоци и ги предупредува луѓето пред да нападне. Која армија во светот би го направила тоа?“

Шмуел не верува во мирно решение на конфликтот. Тој и неговиот пријател Меир се религиозни, носат капа и плетенки зад ушите.

„Ние се молиме за нашите војници, да се вратат живи и здрави. Крајно, тие се само цивили во униформа“, вели Шмуел.

Во разговорот се вмешува постар човек.

„Ако некој сака да те убие, мораш да го испревариш и да го убиеш. Не може поинаку. Овие овде долу се варварски народ“.

Палестинците не се подготвени да живеат во мир со Израелците, вели човекот.

„Арапите сакаат да не‘ протераат одовде. Сакаат овде да не остане ниеден Евреин“.

Israelischer TV Journalist Yoav Even 22.07.2014

Новинарот Јоав Евен

Новинарите како патриоти

Во меѓувреме и најпопуларниот израелски телевизиски „Канал два“ ја постави својата камера на ритчето. Јоав Евен го облекува панцирот и ја почнува емисијата во живо. Тој е во акција без прекин веќе две недели, од почетокот на офанзивата. Всушност, Јоав известува од секторот здравство. Но, во израелските војни тој секогаш е во живо пред камерата. Последне пат во 2012 година во последната офанзива во Газа. А во војната во Либан во 2008 година тој една недела во живо известуваше од северен Израел, потоа беше регрутиран како резервист. Тој е новинар, но првенствено е израелски патриот:

„Ние пред се‘ сме Израелци. Ако падне израелски војник, се разбира дека сум тажен. Секој од нас, кој живее овде, може тоа да го разбере. Секој од нас знае дека ние овде се бориме за нашата егзистенција“.

Реклама