Рио 2016: Маљинда Келменди го „позлати“ Косово | Панорама | DW | 08.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Рио 2016: Маљинда Келменди го „позлати“ Косово

Маљинда Келменди влезе во историјата на Косово откако стана првата спортистка со златно одличје на една Олимпијада за младата држава. Медалата ја доби лично од претседателот на МОК, Томас Бах

Гледај видео 01:06
Now live
01:06 минути

Маљинда Келменди го „позлати“ Косово

Маљинда Келменди не можеше да ги сокрие солзите откако стана првата спортистка од Косово која освоила златен медал на Олимписките игри. Игрите во Рио се првите на кои воопшто настапуваат косовските спортисти откако нивната земја прогласи независност.

25-годишната џудистка медалот го доби лично од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.
„Тој беше пред една година во Косово и ми рече: тука сум за да ви дадам поддршка и сакам ти да го освоиш златнио медал“, им изјави Келменди на новинарите.

„Денеска ми рече: се сеќаваш дека јас и ти имавме договор. Овие зборови ме донесоа до солзи“, вели Келменди, заблагодарувајќи му се на Бах за поддршката.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама