Рио, самба и олимпискиот оган | Панорама | DW | 05.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Рио, самба и олимпискиот оган

Во бразилската метропола Рио де Жанеиро, вечерва почнуваат 31. Летни олимписки игри. Олимпискиот оган ги минува последните метри низ улиците на славниот град. Сѐ е подготвено за Игрите.

Гледај видео 01:21
Now live
01:21 минути

Рио, самба и олимпискиот оган

На Олимписките игри ќе учествуваат повеќе од 10.500 спортисти, од 206 членки на Меѓународниот олимписки комитет. Во Рио ќе се одржат натпревари во 36 различни спортови. Прв пат на програмата е додадена играта рагби, а голфот по 112 години повторно е вратен меѓу олимписките спортови.
Сите натпревари ќе бидат одржани во Рио де Женеиро, а како и на претходните
игри исклучок е фудбалот кој ќе се игра во уште пет градови- Сао Паоло,
Бразилија, Бело Хоризонте, Салвадор и Манаус. Ова се први олимписки игри на тлото на Јужна Америка. Се очекува преносот од отворањето, кое започнува вечерва по полноќ да го проследат 900 милиони гледачи.
Македонија во Рио ќе ја преставуваат пливачите Марко Блажевски и Анастасија
Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и
атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама