Ризична постапка за забрана на ултрадесничарската НПД | Свет | DW | 01.03.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ризична постапка за забрана на ултрадесничарската НПД

Уставниот суд на Германија одлучува за иднината на десно-екстремистичката партија која е разнишана како политички така и финансиски. Постапката меѓутоа би можела да заврши во ќорсокак.

Германија во 90-те години: подметнување пожари во азилантски домови и куќи во кои живеат странци. Омразата кон странците е сеприсутна. Росток и Хојерсверда, Солинген и Мелн прераснуваат во симболи на погром и крволочност. Луѓе навистина умираат- во запалените станови, претепани до смрт од страна на десничарските екстремисти. Под вшечаток на ваквите ексцеси, заснова на омраза кон странците, Сојузната вада, Бундестагот и Бундесратот во Уставниот суд поднесоа барање за забрана на работата на Национал-демократската партија на Германија (НПД)

НПД според убедувањето на овие три институции е духовен поттикнувач на пожарот. Партија, која сака да ја поткопа и уништи демократската правна држава. А тогаш следуваше оваа бламажа: судиите во 2003 година ја запреа постапката и пред таа вистински да започне. Причината: тврдењата за противуставно делување на НПД во најголем дел се засноваа на информации добиени лица од таа партија , кои Службата за заштита на уставниот поредок ги имала придобиено за соработка со неакако информанти.

Образложението на судиите беше недвосмислено: „Државна присутност во раководството на една партија неизбежно влијае врз нејзиното донесување на одлуки и активностите“. како последица на тоа коректна постапка во согласност со одредбите на правната држава е невозможен. Ова, во вториот обид да се издејствува забрана на работата на НПД, кој почнува денеска со усна расправа би требало да биде поинаку.

На барањето на околу 250 страници се наведува: „Најдоцна од 6. декември 2012 година се прекинати информантските врски со сите извори на информации на раководно ниво во НПД“. Актуелната иницијатива ја поднесе само горниот дом на германскиот парламент Бундесратот. Сојузната влада и Бундестагот овојпат не учествуваат во тоа. Тие додуша го поздравија барањето за покренување постапка за укинување на НПД, но очигледно се сомневаа во неговиот успех.

Можен неуспех

Овие сомнежи во меѓувреме се веројатно уште поголеми отколку пред две години, бидејжи оттогаш наваму НПД дополнително изгуби во значење. На покраинските избори во Саксонија во 2014 година партијата ги загуби местата во парламентот а со тоа и државните пари во милионски износи. само уште во Мекленбург-Предна Померанија постои пратеничка група на НПД во покраинскиот парламент со пет членови. Во сојузниот парламент Бундестагот оваа партија никогаш не успеала да обезбеди пратенички места.

Се чини дека заканата која ја претставува НПД за германската демократија, која постои со децении, сепак е навистина мала. И покрај тоа германските покраини во своето барање за забрана на работата на оваа партија наведуваат дека НПД сака „целосно да го отстрани слободарскиот демократски основен поредок“ во државата. Тоа , како што се наведува, може да се види уште од 1964 година, кога партијата е основана. Нејзината програмска блискост со нацистичкиот начин на размислување можела да се препознае уште тогаш.

Тешко може да се докаже поврзаност со НСУ

На НПД со сигурност ѝ се допаѓа забележливата омраза кон странците за време на бегалската криза, но за таквиот развој на ситуацијата во оваа постапка не може да биде обвинета. За такво нешто границите меѓу НПД, движењето Пегида, кое е непријателски настроено кон Исламот и партијата Алтернатива за Германија се премногу нејасни. Освен тоа барањето за покренување постапка за забрана на НПД беше поднесено кога во Германија сѐ уште речиси секоја недела не гореа бегалски домови.

Повод за втората постапка за забрана на НПД конечно беше откривањето на десно-екстремистичката група национал-социјалистичко подземје (НСУ) и ужаснатоста од десетте убиства кои ги извршила оваа група. Но директна врска меѓу НСУ и НПД тешко може да се докаже и покрај тоа што на обвинителната клупа во процесот за НСУ во Минхен седи поранешен функционер на НПД, зашто не постојат уверливи аргументи.

Но доколку НПД навистина биде прогласена за партија која делува спротивно на уставните начела, и натаму ѝ останува можноста за процес пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Условите кои некоја партија треба да ги исполнува за да и биде забрането делувањето од страна на овој суд се посебно строги.

Реклама