Решително против екстремизмот | Вести | DW | 31.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Решително против екстремизмот

Германската влада најави решително постапување против сторители на кривични дела од експремистички побуди. Натамошно ќе бидат интензивирани мерките против екстремизмот, непријателството спрема странците и нетолеранцијата, рече сојузниот министер за вантрешни работи Волфганг Шојбле. Тој ги изнесе податоците за политички мотивираниот криминалитет во 2006-та, од кои произлегува дека нивниот број за една година се зголемил за десет проценти и достигна вкупно 29 илјади и 50 кривични дела.