Ретка Дизни-аукција | Панорама | DW | 09.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ретка Дизни-аукција

Фановите на Волт Дизни од денеска имаат шанса да стигнат до некоја од неговите анимации или документи.

Водечката американска аукциска куќа за документи, фотографии, писма или манускрипти „Profiles in History“ нуди 600 сведоштва на хартија.

Брајан Ченсис од „Profiles in History“ вели:

„Меѓу најважните се вбројува документот од 1953 година дека Волт Дизни во основа си ја продал употребата на своето име на корпорацијата „Волт Дизни“, која ја почнува Дизни-империјата. Предпродажната проценка се движи од 60 до 80 илјади долари само за тој документ. Ја имаме и последната желба на Волт Дизни и тестаментот од 1941 година, со проценета вредност од 40 до 60 илјади долари“.

Дизни коосновал студио за анимација во 1923 година. Почина во 1966 година, на 65-годишна возраст. Компанијата „Волт Дизни“ денес е една од топ-играчите во Холивуд.

Гледај видео 01:33

Ретка Дизни-аукција

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама