1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човештвото сѐ побрзо ги исцрпува ресурсите на Земјата

Мартин Кристијан Киблер
29 јули 2021

Пандемијата имаше една позитивна страна: зачувување на природата. Но, глобалната економија брза да го надомести изгубеното. Денеска е денот на кој човештвото ги потроши годишните ресурси на Земјата за 2021 година.

https://p.dw.com/p/3yBdx
Nasa Aufnahme von Afrika
Фотографија: picture-alliance/dpa/NASA

И покрај привременото одложување поради пандемијата со коронавирусот, Денот кој предвидува дека човештвото ги потрошило сите обновливи биолошки ресурси за една година Earth Overshoot Day (ЕОД) повторно се придвижи наназад. Годинава тоа е 29 јули.

Затоа што голем дел од луѓето во 2020 година беа во локдаун поради коронавирусот, минатогодишниот ЕОД се падна на 22 август, речиси еден месец подоцна од оној во 2018 година, кој беше на 25 јули. Но, годинава, и покрај тоа што нивото на емисии на СО2 од воздушниот и од копнениот сообраќај сѐ уште каска зад оној од 2019 година, глобалната економија брза да го надомести сѐ она што го пропушти.

„Глобалните емисии веќе се приближуваат на нивото пред пандемијата“, вели Стефани Фелдстајн, директорка на Центарот за биолошка разноликост, со седиште во САД. „Ги пропуштивме можностите кога финансиската помош која беше дадена на големите загадувачи на климата, како воздухопловството и месната индустрија, без никакви барања за опоравување на природата“, тврди Фелдстајн.

Што е тоа Earth Overshoot Day и за што служи?

Првиот ЕОД е воспоставен во 2006 година, со цел да се пресметаат бројот на денови во годината кои одговараат за неопходните биокапацитети - способности на екосистемот повторно да ги воспостави своите билошки ресурси и да го апсорбира отпадот- за да се земе предвид еколошкиот отпечаток на цивилизацијата.

Global Footprint Network (ГФН), истражувачка организација која заедно со организацијата за заштита на животната средина ВВФ, е одговорна за постоењето на овој ден.

Тие користат илјадници податоци од ресурсите на ОН, како биолошки продуктивни шуми, пасишта, риболовни, и градски подрачја. Овој збир потоа се споредува со побарувачката за овие природни ресурси, меѓу кои се билна храна, дрво, стока, риба и способност на шумите да ги апсорбираат емисиите на јаглен диоксид.

Луѓето денес користат 74 отсто повеќе отколку што глобалните екосистеми можат да регенерираат. Ако продолжиме со ова темпо, ќе ни' бидат потребни ресурси од речиси две Земји, односно 1,7 од постоечките ресури на Земјата. И не изгледа дека работите наскоро ќе се сменат.

Protestaktion zu Erdüberlastungstag 2020 in Hamburg
Протестна акција во Хамбург, август 2020: Ресурсите се ограничени, игнорантноста е бесконечнаФотографија: Ulrich Perrey/dpa/picture alliance

Зајакнување на биоекономијата

Фелдстајн, сепак, забележува и некои причини за оптимизам. „Најзначајните знаци доаѓаат од заедниците ширум светот кои климатската криза ја сфаќаат сериозно, ја преиспитуваат потрошувачката и растот, и интегрираат заштита на средината во своите политики“, тврди таа. Меѓу нив има заедници кои сакаат да ја искористат биоекономијата чија цел е да ја замени „економијата која се темели на фосилни горива, економија заснована на био или обновливи извори на енергија“, со истовремено решавање на општествените предизвици, се наведува во извештајот на Институтот за животна средина од Стокхолм.

Росио А. Дијаз-Чавез, авторка на извештајот, во разговорот за ДВ објаснува дека преоѓањето на биоекономија може да помогне во зачувување на природните ресурси за идните генерации.

Покрај тоа, објаснува таа, закрепнувањето од пандемијата би можело да биде можност да се истражат алтернативи за традиционалната економија кои би „придонесле до отворање на нови работни места и би го подобриле животот“.

Како да го продолжиме периодот во кој ги исцрпуваме ресурсите на Земјата?

Биоекономијата не е единствениот начин за човештвото да се врати во рамнотежа со Земјата. На својата веб -страница под хаштагот #MoveTheDate, еколошката организација ГФН посочува други начини како тој датум да се приближи до 31 -ви декември.

-повеќе: 

Планетата стана огромна депонија, пандемијата ја турка на работ на амбис

Тукушто ги потрошивме ресурсите на Земјата за годинава

Луѓето забрзано ја трошат планетата Земја

Пошумувањето на област со големина на Индија би го поместила тој датум, на пример, за осум дена, вели ГФН. Потоа, прилагодување на зградите и на индустриите со постоечката технологија за заштеда на енергија би го поместила датумот напред дури за 21 ден.

Храната е исто така еден важен сегмент - според ГФН, половина од биокапацитетот на Земјата се користи само за да се исхраниме. Но, премногу од таа храна се губи поради неефикасноста во текот на производствениот процес или завршува во отпад; се проценува дека 30 до 40 проценти од храната во САД завршува на депонии секоја година.

Со елиминирање на загубата и фрлањето на храна, намалувањето на потрошувачката на месо и избор на храна одгледувана со поодржливи земјоделски практики кои помалку се потпираат на фосилни горива, на сметката на биокапацитетот на Земјата би можел да се додаде уште еден месец.

Според неодамна објавениот нацрт извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени, преминот кон растителна диета може да помогне да се намалат емисиите поврзани со храната за дури 70 проценти до 2050 година.

„Владите можат да ја забрзаат оваа промена со поддршка на диетално ориентирана исхрана и земјоделство и со укинување на субвенциите за евтино месо и млечни производи“, заклучува Фелдстајн од ЦБД