Рестриктивните мерки против Ковид-19 на стенд- бај | Северна Македонија | DW | 16.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Рестриктивните мерки против Ковид-19 на стенд- бај

Комисијата за заразни болести не донесе препорака за нови ограничувања и мерки за граѓаните, иако и понатаму има групирањата и на јавните простори и во домовите. Многумина не ги почитуваат мерките.

Болниците се полнат со пациенти, се бара кревет повеќе, а се погласни се и апелите на заразените дека недостига кислород и кадар во болниците, кои се неоходни за справувањето со Ковид-19. Во последното деноноќие 28 пациенти се примени на лекување само во скопските клиники. 426 пациенти се лекуваат со помош на кислород во главниот град. Здравствените работници ги прошируваат болничките капацитети за лекување, но и тие стануваат претесни за сите оние на коишто им е неопходна лекарска помош. Граѓаните секојдневно објавуваат фотографии на социјалните мрежи со примери на прекршување на мерките и групирање особено во вечерните часови. Дел од граѓаните не ја почитуваат мерката – не само на отворено, туку и во нивните домови. 

-повеќе на темата: Ако се исполнат болничките капацитети, следи карантин 

И покрај ваквите загрижувачки информации, Комисијата за заразни болести одлучи дека засега нема потреба од нови мерки и забрани. Тие апелираат граѓаните да се придржуваат до препораките - да не се групираат по домовите, да носат маски, и да нема собири на отворено повеќе од четворица. Тие сметаат дека движењето по 21 часот е намалено, а болниците се уште имаат празни кревети за најтешките пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 612 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. „Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1.212", информираат од Министерството за здравство.

Сценарија

Министерот за здравство, Венко Филипче се надева дека ќе се намалува бројката на хоспитализирани со Ковид-19, но се разгледуваат и поинакви сценарија.
„Моментно, освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри – на Клиниките за дерматовенерологија, неврологија, нефрологија и за гастроентерохепатологија. Деновиве се работи на средување на доводот на гас на Клиниките за уво, нос и грло и на за очни болести, кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти“, вели Филипче. 

-повеќе на темата: Поважно е здравјето на граѓаните или економијата? 

Тој побарал од директорите на Хируршките клиники и директорот на Клиниката за кардиологија да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациенти доколку за тоа има потреба во претстојниот период.

Повеќето земји од регионот веќе воведоа полициски час. Ваква ригорозна мерка со која се забранува движење во вечерните часови, се до 5 часот изутрина воведоа Грција, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина...

DW.COM

Реклама