Кој стои зад успехот на македонската фудбалска репрезентација | Панорама | DW | 29.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Кој стои зад успехот на македонската фудбалска репрезентација

Ние сме еден тим, едно семејство и функционираме, вели селекторот Ангеловски. Тој верува во своите момчиња, кои пред Европското првенство во фудбал тренираат по двапати дневно. ДВ ги посети на утринскиот тренинг.

Еден селектор, двајца помошници тренери, еден тренер на голмани, еден кондициски тренер, еден тренер аналитичар, двајца економи, тројца доктори и тројца физиотерапефти, е тимот кој дише во еден здив со 26-те момчиња кои од 11 јуни ќе играат за Македонија на Европското фудбалско првенство 2020.

Првиот утрински тренинг на стадионот на ФФМ го поминавме со нив.

Помошниците тренери со дефинирана програма ги чекаат фудбалерите за да свирнат за почеток на тренингот.

„Сѐ оди по план. По задолжителните тестови и карантини што треба да ги поминат до вклучување во главниот тим којшто се наоѓа во Ковид-меурот заради медицинските назначувања и совети од страна на УЕФА. Планирано е да се одработат неколку тренинзи коишто имаат специфика повеќе на силата како компонента. Има доста тренинзи коишто се од игров карактер, коишто треба да ја подобрат функционалноста во игра. И ние сме задоволни како фудбалерите ја презентираат својата професионалност на терен и многу се дисциплинирани, тоа е за пофалба и имаат жар за работа што претставува голем плус за нас тренерите“, вели кондицискиот тренер Иван Карас Јовановски. 

Повеќе:

Германија заслужено поразена од Северна Македонија 

Комплименти и респект за македонските фудбалери

Северна Македонија: „Горан Велики“ и неговите следбеници

Во Ковид-меурот медицинскиот тим постојано ги има на око 26-те момчиња. Лекарот Александар Савевски уверува: „Можеме да се пофалиме дека се работи за високо професионални спортисти, нивната состојба е добра, како физичка така и психолошката подготвеност. За среќа, состојбата кај Енис Барди е добра, стабилен е, нема никакви симптоми. Се надеваме дека ќе го имаме искуството од претходниот фудбалер што беше позитивен на Ковид и ќе поминат без симптоми и нема да остави никакви консеквенции. Температура мериме секој ден, ја следиме неговата состојба, се надеваме дека доколку остане асимптоматски, без никакви последици, неговата подготвеност ќе биде како претходно, спремен да дава голови.“

Предводени од селекторот, целиот тим е сплотен. На почетокот на подготовките функционираат беспрекорно како и вообичаено: 

„Еве, дојде моментот кога се собравме со македонската фудбалска репрезентација да играме на Европско првенство. Кога работите со вакви фудбалери, кои пред сѐ имаат голем фудбалски, но пред сѐ човечки квалитет, тогаш успехот е неизбежен.  Фудбалерите се најзаслужни, заедно со сите кои ја следат репрезентацијата, стручниот штаб, медицинскиот тим, дечките кои се задолжени за опремата, така што сите ние сме еден тим, едно семејство и функционираме. Ние сме добар пример како треба сите да функционираме во Македонија.“

За новите дресови на репрезентацијата, надежите и целите, во видеото:

Гледај видео 05:59

Кој стои зад успехот на македонската фудбалска репрезентација