Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Рекс Тилерсон, роден на 23 март 1952 година, е американски политичар и бизнисмен кој од 1 февруари 2017 година е американски државен секретар.
Својата кариера Тилерсон ја започнува како инженер во компанијата Ексон. Во 2006 година е избран за претседател и генерален директор на Ексон- шеста најголема компанија во светот според приходите. Тилерсон долги години е финансиер и поддржувач на кампањите на Републиканската партија, но не придонесува во кампањата на Доналд Трамп. Сенатот ја потврди неговата номинација на функцијата на 1 февруари 2017 година и со тоа стана 69 американски државен секретар.